Wednesday , April 24 2019
Home / Latest Articles / WTCR: Гридот на Светскиот туринг куп за 2019 е пополнет

WTCR: Гридот на Светскиот туринг куп за 2019 е пополнет

Како и минатата година, гридот на Светскиот туринг куп е пополнет до последното 26 место

Со последната најава на возачите во Шведскиот PWR Racing Team, потполнети се последните две места од планираните 26 на гридот во Светскиот туринг куп WTCR.

Шведскиот тим донесе уште едно големо име од туринг светот, а тоа е минатогодипниот шампион oд Европската TCR Серија, Микел Аскона.

Негов тимски колега ќе биде Даниел Хоглоф, едниот од двајцата сопственици на PWR Racing Team.

Иако минатата година мислевме дека WTCR поседува најквалитетен грид, оваа година доаѓаат уште неколку врвни возачи.

Но да почнеме со ред.

Минатогодишниот шампион Габриеле Тарквини ќе ја брани минатогодишната титула во доста силен тим. Тој продолжува во BRC Racing Team заедно со Норберт Михелис, Аугусто Фарфус и Ники Катсбург позади волани на Hyundai i30 N TCR

Следи Cyan Racing кои конструираа нов тркачки автомобил Lynk & Co 03 TCR, а максимумот од четири возачи по производител го потполнија Тед Бјорк, Јан Ерлаше, Енди Приол и Иван Милер.

Тимот KCMG располага со два автомобили, за Тиаго Монтеиро, кој конечно се враќа на сцената со целосна сезона, со TCR International шампионот како тимски колега, младиот Атила Таши кој минатата сезона беше дел од Европската TCR Серија во два автомобили Honda Civic Type R FK8 TCR.

Останатите два Honda Civic Type R FK8 TCR автомобили ќе бидат во гаражата на Münnich Motorsport, за Нестор Гиролами и Естебан Гериери кои исто така се покажаа како врвни туринг возачи.

Позади волани на четири Volkswagen Golf GTI TCR автомобили во Sébastien Loeb Racing ќе ги видиме веќе домаќините Роб Хаф и Меди Бенани, додека како принова пристигнаа Јохан Кристоферсон и Бенјамин Лоихтер.

Гордон Шеден и Жан-Карл Верне остануваат во WRT во два Audi RS 3 LMS, додека останатите два автомобили ќе бидат дел од Comtoyou Racing за Нилс Лангевелд и Фредерик Вервиш.

Comtoyou Racing брои четири возачи, но другите двајца, Орелиен Панис и Том Коронел ќе возат Cupra TCR автомобили.

Останатите два автомобили Cupra TCR, како што рековме погоре ќе ги возат Даниел Халгоф и Микел Аскона со тоа што само Alfa Romeo како производител нема да го исполни максимумот од четири автомобили по производител.

Mulsanne Racing е тимот со кој ќе ја завршиме оваа статија, а за нив ќе возат Кевин Чекон и Ма Чи Ха позади волани на два Alfa Romeo Giulietta Veloce автомобили.

Оваа сезона повторно ќе видиме 26 возачи на гридот, иако постоеја шпекулации за зголемена бројка. Овие 26 возачи се во 7 различни брендови кои заедно ќе претстават вистинска борба во текот на целата година.

Check Also

WRC: Toyota ќе развиваат R5 автомобил

WRC2 категоријата во склоп на Светскиот рели шампионат станува доста возбудлива… Фактот дека оваа класа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *