Wednesday , February 20 2019
Home / Latest Articles / WTCR: Двајца Аргентинци во Münnich Motorsport

WTCR: Двајца Аргентинци во Münnich Motorsport

Првиот Honda тим го претстави возачите за 2019 сезона

Како што е познато секој бренд во Светскиот туринг куп има право да претстави по четири автомобили кои ќе земат учество во сезоната. Првиот тим, Münnich Motorsport кој ги претстави првите два автомобили Honda се одлучи за двајца Аргентински возачи и тоа Естебан Гериери и Нестор Гиролами.

Гериери, на свои 34 години ова ќе му биде трета целосна сезона во шампионатот. Тој своето деби го направи уште во WTCC со Campos Racing во Chevrolet Cruze TC1 на неговата домашна патека Термас Де Рио Ондо, пред да биде ангажиран за цела сезона во 2017 година. Тогаш тој беше ангажиран за последните три рунди на кои требаше да настапи повредениот Тиаго Монтеиро.

За 2018 сезона беше ангажиран од Honda за тимот Münnich Motorsport каде се избори за две победи на легендарните патеки Нирбургринг и Макау, а заврши и трет во генерален пласман кај возачите во сезона во која беше константен висок пласман.

Тука е и 29-годишниот Нестор Гиролами, двократен Аргентински туринг шампион, кој се враќа после една година пауза. Неговото деби во Светскиот шампионат беше во 2015-тата во приватен автомобил Honda Civic WTCC за Nika Racing, за после тоа да биде ангажиран од Polestar Cyan Racing откако покажа високо квалитетни перформанси на тест во Аргентина во 2017 година.

Тој прв дојде до победа во Кина на трката која беше скратена поради силен дожд, но не се врати со Светска туринг програма во 2018 кога беа сменети техничките правила.

Вториот Honda тим треба да биде потврден во блиска иднина, но познато е дека ланскиот Boutsen Ginion Racing нема да се вратат на светска сцена, додека Тиаго Монтеиро се очекува да биде сместен во друг тим, кој во меѓувреме ќе биде потврден.

Check Also

WTCR: Team Mulsanne продолжува на Светската сцена

Team Mulsanne и оваа сезона ќе настапи со два автомобили Alfa Romeo Giulietta TCR во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *