Saturday , October 31 2020
Home / Latest Articles / WTCR: Две пол позиции за Бертон на Словакиаринг

WTCR: Две пол позиции за Бертон на Словакиаринг

Овој викенд на патеката Словакиаринг се вози третата рунда од годинешната сезона која брои само шест рунди и тоа само во европа, поради лошата состојба со пандемијата на корона вирусот

Возачот на Аudi Натанаел Бертон успеа да освои две пол позиции за трите трки кои ќе се на програмата утре (недела). Возачот на Comtoyou Racing беше најбрз на првата квалификациска сесија победувајќи го возачот на Hyundai Ники Катсбург за 0.461 секунди.

Трет на првата трка ќе стартува Жан-Карл Верне, пред Жил Магнус, Габриеле Тарквини, Норберт Михелис, Нестор Гиролами, Том Коронел, Естебан Гериери и Сантиаго Урутиа кој ги комплетираше топ 10-те.

Во втората квалификациска сесија најбрз беше Ники Катсбург, додека на втората и третата позиција завршија Магнус и Михелис. Четврт беше Бертон, пред Коронел, Гериери, Верне, Урутиа, Филипи и Гиролами.

Додека на третата квалификациска сесија Бертон го повтори успехот и беше најбрз на патеката со време од 2:09.510 и ќе стартува од првата позиција на третата трка. Михелис беше втор, пред Катсбург, Коронел и Магнус.

Check Also

WTCR: После доминацијата на Хунгароринг, Хонда ќе добие најголема тежина на Арагон

Münnich Motorsport, ќе мора да додаде максимум тежина на своите автомобили за Арагон овој викенд …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *