Friday , August 14 2020
Home / Latest Articles / WTCR: Ерлаше, како најбрз од Honda возачите објаснува за клучот за добар резултат во Маракеш

WTCR: Ерлаше, како најбрз од Honda возачите објаснува за клучот за добар резултат во Маракеш

Младиот и екстремно талентиран возач Јан Ерлаше беше единствениот возач на Honda, но воедно и единствениот возач кој се наоѓа позади четирите Hyundai автомобили кои ги окупираа првите два стартни редови на уличната патека Мулај ел Хасан во Маракеш.

Тој дојде до третиот дел на квалификациите каде се одлучуваше пол позицијата, но сепак не заостанува премногу позади супер брзите возачи на Hyundai автомобилите. Французинот прокоментира дека токму сопирачките се клучен фактор за денешните две трки:

„За мене ова беше добар резултат. За прв пат влегувам во третиот дел на квалификациите и да се биде прв од сите Honda автомобили, но и од сите кои не се Hyundai е добар резултат, знаејќи според најавите дека Hyundai ќе биде најбрз автомобил на патеките оваа година. Мојот тим вложи огромни напори за овој резултат бидејќи уште на почетокот од тркачкиот викенд се трудиме да најдеме добро подесување за автомобилот, а со тоа и квалитетно темпо. Но како што гледате по разликата во времињата, ова е неверојатно. После третиот дел од квалификациите се најдов на петтата позиција на само пет илјадити делови од секундата пред Роб Хаф, што е доста мала предност.“

Со подигањето на температурата поради доцните две трки денес, се јавуваат проблеми со сопирачките, поради што и белгискиот возач Денис Дупон ќе отсуствува од двете трки поради големо оштетување на неговиот автомобил Audi RS3 LMS, после откажувањето на сопирачките.

„Доста возбудливо беше да се биде во третиот дел од квалификациите заедно со мојот вујко, но сеуште се трудиме да најдеме добра брзина која ќе ме донесе на повисока позиција. Во трката единствено место каде може да се постигне нешто е на стартот. После тоа секој останува на својата позиција, па затоа мораме да бидеме многу внимателни на подесувањето на сопирачките. Оној кој најдобро ќе ги подеси сопирачките, ќе може да направи промени за подобра позиција при крајот од трката.“ – изјави 21-годишниот Ерлаше.

Check Also

МотоГП: Историска победа за КТМ и дебитантот Бред Биндер

Јужно Африканскиот возач Бред Биндер дојде до убедлива и неверојатна победа на патеката Брно во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *