Sunday , January 26 2020
Home / Latest Articles / WTCR: Естебан Гериери победник на првата трка во Мароко

WTCR: Естебан Гериери победник на првата трка во Мароко

Во прилично мирна трка без многу акција, Аргентинскиот возач Естебан Гериери (Honda) после петте освоени поени од пол позицијата, се закити и со победа и нови 25 поени од првата трка

Аргентинецот успеа од старт до цел да дојде до победа без сериозни напади на неговата позиција, освен на стартот кога Тед Бјерк (Lynk & Co 03) покажа напори за проаѓање уште на првиот свиок, но сепак без сериозни последици за првата позиција на Гериери.

Исто како сигурната прва позиција на Гериери, Бјерк исто така безбедно пристигна до втората позиција, додека трет на подиумот се искачи Нестор Гиролами кој и покрај квалитетното темпо од негова страна, не успеа да најде прилика да го пројде или воопшто нападне Бјерк.

Четврти на целта пристигна Габриеле Тарквини, додека петти беше тимскиот колега на Бјерк, Енди Приол, кој за прв пат после 2004 година вози туринг автомобил со преден погон.

На шестата позиција на целта помина Тиаго Монтеиро кој после долга пауза се враќа со цела сезона, додека Жан-Карл Верне успеа само до седмата позиција.

Осми беше Јан Ерлаше, пред Кавин Чекон и Ники Катсбург на деветтата и десеттата позиција. Како резултат од новиот начин на бодување, за разлика од досега, оваа сезона првите 15 возачи влегуваат во поени, а тоа се Михелис, Хаф, Вервиш, Фарфус, и Шеден, кои завршија од 11-тата до 15-тата позиција.

Том Коронел и Меди Бенани мораа да се повлечат во нивните боксови откако ги оштетија автомобилите во контактот кој го имаа, а за последиците, судиите се оние кои ќе одлучат. Други откажувања беа на Нилс Лангефелд, Орелиен Панис, Јохан Кристоферсон и Ма Чин Ха.

После проблемите на квалификациите, Иван Милер промени мотор и менувач, па затоа мораше да стартува од последната позиција. Наместо тоа, Милер се одлучи за побезбеден старт, токму од пит лејнот, а успеа да заврши на 18-тата позиција.

Следната акција на патеката е утре во 12:00 часот со три делови од квалификациите за двете трки кои следуваат.

Check Also

WRC Монте Карло: Катастрофалното излетување на актуелниот шампион От Танак (ВИДЕО)

Актуелниот шампион во Светскиот рели шампионат От Танак не ја започна сезона како што очекуваше. …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *