Sunday , September 20 2020
Home / Latest Articles / WTCR: Започнува Светскиот туринг куп; Бертон на пол позиција на Золдер

WTCR: Започнува Светскиот туринг куп; Бертон на пол позиција на Золдер

Ултра блиската борба за пол позиција со Јан Ерлахер му донесе на Натанаел Бертон прва стартна позиција за прв пат во неговата кариера во Светскиот труинг куп.

Бертон ги победи неговиот сограѓанин Ерлехер и тимскиот колега Жил Магнус за пол позиција, а сите тројца беа во толку блиска борба што се најдоа во 0.04 секунди, додека Hyundai автомобилите доста се измачија во текот на квалификациите при што ниту еден корејски автомобил не успеа да влезе во првите 10.

Натанаел Бертон на домашна патека успеа да дојде до пол позиција со неговиот Comtoyou Racing тим, после силното темпо кое го имаа сите тројца возачи од тимот и во текот на слободните тренинзи.

Четвртата стартна позиција надвор од блиската борба ја освои Сантиаго Урутиа пред Иван Милер на петтата, двајцата во Lynk & Co, додека позади нив следеа Том Коронел (Audi), Атила Таши (Honda), Тед Бјерк (Lynk & Co), Жан Карл Верне (Alfa Romeo), додека Нестор Гиролами (Honda) ги комплетираше топ 10-те.

Првата трка од 2020 сезона на Светскиот туринг куп стартува утре од 10:30 часот, додека подолу, погледнете ја целосната листа на времиња од квалификациите.

Check Also

MotoGP: Подиум за паметење – Мир никогаш нема да го заборави проаѓањето на Роси на Мизано

Возачот на Suzuki Жоан Мир изјави дека никогаш нема да го заборави освоениот подиум овој …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *