Sunday , January 26 2020
Home / Latest Articles / WTCR: Интересен поредок на утринскиот официјален тест во Шпанија

WTCR: Интересен поредок на утринскиот официјален тест во Шпанија

Денес на патеката Каталуња близу Барселона се одржува официјален тест каде сите натпреварувачи од WTCR категоријата беа присутни освен Роб Хаф кој поради болест не можеше да присуствува.

Интересен е поредокот на утринскиот 4-часовен тест во кој Пепе Ориола беше најбрз позади воланот на неговата Cupra од Campos Racing, додека веднаш позади него на листата беше неговиот тимски колега Џон Филипи.

Трет најбрз беше новајлијата Натанаел Бертон во неговото Audi RS3 LMS , за една секунда поназад од Ориола, додека Меди Бенани се избори за четврто најбрзо време во автомобилот VW Golf за Sebastien Loeb Racing.

Двата нови Peugeot 308 TCR автомобили на Орелиен Комт и Мато Хомола следеа на петтата и шестата позиција, пред Габриеле Тарквини и Норберт Михелис во нивните Hyundai автомобили.

Според правилата 24 автомобили беа на патеката, иако некои од нив не возеа со транспондери, поточно Munnich Motorsport, кои после два часа беа предупредени да ги вклучат.

Вториот дел од тестот се одржува моментално. Подолу, погледнете ја разликата во времињата за првите 10 возачи.

Check Also

WRC Монте Карло: Катастрофалното излетување на актуелниот шампион От Танак (ВИДЕО)

Актуелниот шампион во Светскиот рели шампионат От Танак не ја започна сезона како што очекуваше. …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *