Wednesday , August 5 2020
Breaking News
Home / Latest Articles / WTCR: Италијанскиот дрим тим делумно се растури…

WTCR: Италијанскиот дрим тим делумно се растури…

Иако на почетокот изгледаше и звучеше предобро за да биде вистинито, сепак функционираше некој одреден период

На почетокот од оваа сезона бевме сведоци на враќањето на две Италијански туринг легенди Фабрицио Џованарди и Џани Морбидели во Италијански автомобил (Аlfa Romeo) во Италијански тим (Team Mulsanne by Romeo Ferraris) што звучеше и изгледаше предобро. Сите медиуми ја пренесоа оваа вест како посебна, а во текот на сезоната изгледаше дека работите добро се движат.

Но сепак, најпрво Морбидели замина од Италијанскиот тим и беше заменет со Кевин Чекон. Џованарди успеа да освои 19 поени на Словакиа Ринг во двете трки, но после двете Кинески рунди тој јавно го изрази своето незадоволство преку изјавата дека тимот не може да го приспособи автомобилот на неговите потреби, изјава која ја потврди и менаџерот на операции на Romeo Ferraris, Микела Черути.

„Не беше лесна одлука. Многу сум разочаран што не можевме да ги постигнеме резултатите кои ги посакувавме. Се вратив во туринг трките бидејќи верував во овој проект и во тимот. Но работите се искомплицираа во Кина, поради технички проблеми кои беше невозможно да се решат надвор од работилницата на тимот. За разлика од поените во двете трки во Словачка, на Кинеските рунди Нингбо и Вухан, морав да стартувам последен. Тоа беше крајниот момент.“ – изјави Џованарди.

Негова замена за останатите две рунди во Јапонија и Макау ќе биде Луиџи Ферара кој ја загуби титулата во TCR Италија позади волан на Alfa Romeo.

„Му се заблагодарувам на тимот што ме повика да ја завршам сезоната. Повикот го добив од Микела Черути, што доста ме изненади, но и ме возбуди. Со нетрпение очекувам да се состанам со тимот и да ја почуствувам атмосферата во Светскиот туринг куп. Ова за мене претставува остварен сон и шанса да продолжам со Alfa Romeo автомобил со кој возев во TCR Италија во последните две сезони.“ – изјави Ферара.

Претпоследниот тркачки викенд се одржува токму овој викенд на патеката Сузука во Јапонија.

Check Also

ТЦР Италија: Рекордна бројка од 26 возачи на стартот на втората рунда на Мизано!

Овој викенд на патеката Мизано во Италија се одржува втората рунда од Италијанскиот ТЦР шампионат, …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *