Wednesday , August 5 2020
Breaking News
Home / Latest Articles / WTCR: Комини го промени пристапот ангажирајќи менаџер за неговата тркачка кариера

WTCR: Комини го промени пристапот ангажирајќи менаџер за неговата тркачка кариера

Ова се големи промени во кариерата на Стефано Комини…

2-кратниот TCR International шампион Стефано Комини одлучи да го промени пристапот кон својата тркачка кариера. Тој одлучи да го ангажира Стефано Фечио кој ќе се грижи за неговите чекори во иднина, иако Комини тоа го правеше на своја рака до сега.

Не можеме да кажеме дека Комини немаше професионален пристап изминативе неколку години, но за во иднина, тој се одлучи за целосно поразличен пристап кон тркањето, најверојатно поради проблемот на кој налета оваа сезона. Имено, Стефано Комини сеуште нема обезбедено седиште за Светскиот туринг куп што е доста голем хендикеп за него и за неговата тркачка кариера.

Тој минатата година се натпреваруваше за доста искусниот тим Comtoyou Racing позади волан на еден од двата Audi RS3 LMS автомобили во Интернационата TCR Серија завршувајќи на третата позиција во генерален пласман кај возачите.

Но како мине време, се наоѓаме на еден месец од стартот на сезоната, а Комини кој важи за еден од нај позитивните возачи сеуште лебди без договор за оваа сезона во која се очекува пеколна борба за титулата кај возачите.

„Размислував за да ангажирам менаџер веќе подолго време и конечно го најдов вистинскиот човек за таа работа. Сакав јас да го одберам тој човек, а сакав и овој човек да биде одговорен за тоа. Јасно ми е дека ваков човек ми е потребен за иднината на мојата тркачка кариера, па затоа свртев нова страница во мојот пристап во целиот овој циркус.“ – изјави Комини.

Check Also

ТЦР Италија: Рекордна бројка од 26 возачи на стартот на втората рунда на Мизано!

Овој викенд на патеката Мизано во Италија се одржува втората рунда од Италијанскиот ТЦР шампионат, …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *