Tuesday , September 22 2020
Home / Latest Articles / WTCR: Кралот на Макау – Роб Хаф, го уништи рекордот за TCR автомобил (Резултати FP1 и FP2)

WTCR: Кралот на Макау – Роб Хаф, го уништи рекордот за TCR автомобил (Резултати FP1 и FP2)

Рекордот на Макау падна во првиот, но и во вториот тренинг…

После првиот слободен тренинг во кој повеќето возачи ги бараа своите способности и се трудеа да дојдат до чист круг без сообраќај, во вториот тренинг, „Богот на Макау“, Британскиот возач Роб Хаф успеа да направи неверојатно брз круг од 2:29.766, подобрувајќи го рекордот на Жан-Карл Верне од првиот тренинг.

Имено, Верне имаше најбрзо време во првиот тренинг, кое беше побрзо за половина секунда од она на Естебан Гериери. Во првиот тренинг кој помина без никакви незгоди, што е чудно за Макау, Роб Хаф доцнеше 0.969 секунди позади Верне на третата позиција, додека Иван Милер и Норберт Михелис беа најбрзите Hyundai автомобили на четвртата и петтата позиција. Јан Ерлаше успеа како шести, пред Тед Бјерк, Меди Бенани, Пепе Ориола и Орелиен Панис кои ги комплетираа топ 10-те.

Во вториот тренинг кралот на Макау, Роб Хаф, буквално го уништи рекордот на Верне, извозувајќи време од 2:29.766. Овој пат тој имаше разлика од 0.533 секунди пред Јан Ерлаше, кој успеа највеќе да му се приближи на втората позиција, додека позади него борбата беше доста блиска. Милер заврши на третата поозиција пред Верне на четвртата. Меди Бенани беше петти, додека Естебан Гериери успеа да дојде до шесто најбрзо време, пред Бјерк, Михелис, Тарквини и Ха.

Првите квалификации се на програмата утре (сабота), во 1:50 часот наутро.

Check Also

Вуков: Валелунга е една од најтешките патеки во Италија

Изминатиот викенд на патеката Валелунга во Италија се одржа четвртата рунда од Италијанскиот Порше Карера …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *