Friday , April 20 2018
Home / Latest Articles / WTCR: Лојд и Морбидели го започнаа BoP тестот, Морбидели со опасно излетување

WTCR: Лојд и Морбидели го започнаа BoP тестот, Морбидели со опасно излетување

Долгоочекуваниот BoP тест за TCR автомобилите се одржа на патеката Рикардо Тормо во Валенсија

Фамозниот BoP (Balance of Performance) тест на кој се изедначуваат перформансите на автомобилите за TCR сериите и WTCR купот, се одржа на патеката Рикардо Тормо во Валенсија. Даниел Лојд и Џани Морбидели беа одбрани за да ги тестираат 11-те брендови на автомобили кои беа присутни.

Но исто така, тестираа и Марио Ферарис во Alfa Romeo Giulietta, Рахел Фреј во Audi RS3 LMS, Џош Фајлс и Естебан Гериери во Honda Civic со моделите од 2017 и 2018 година, Габриеле Тарквини во Hyundai i30 N, Мајк Халдер во KIA C’eed, Микаил Грачев позади воланот на LADA Vestа, Александер Хеил во Opel Astra, Орелиен Комт во Peugeot 308, Фрањо Ковач и Алекс Морган во Renault Megane, Жорди Хене во SEAT Leon и Дитер Депинг во Volkswagen Golf GTI.

Откако сите автомобили го поминаа техничкиот преглед, програмата беше подеднакво поделена помеѓу возење на патека, проверки на центарот на гравитација, но и мерење на динамометар, поточно мерење на распрснување на моќта на моторот, сила на оските, вртежен момент на оските и притисок на турбината. На сите автомобили минималната тежина им изнесуваше 1265 килограми, заедно со возачот.

Но вториот официјален возач на овој тест за баланс на перформансите, Џани Морбидели, преживеа опасно излетување и удар на првиот свиок додека тестираше еден од автомобилите Renault Mégane на Vukovic Motorsport. Инцидентот се случи поради скршена цевка за ладење на сопирачките. Автомобилот беше доста уништен, а на Морбидели му беше пружена медицинска помош во медицинскиот центар на самата патека, поради површинските повреди на десното стопало.

Погледнете ги фотографиите од тестот подолу:

Фото: TCR Series

Check Also

F1: Ферстапен: Не ми е потребен психолог

Возачот на Red Bull Racing, Макс Ферстапен, вели дека веќе го оставил позади себе Кинеското …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *