Wednesday , August 5 2020
Breaking News
Home / Latest Articles / WTCR Макау: Михелис и Хаф најбрзи на првиот и вториот слободен тренинг

WTCR Макау: Михелис и Хаф најбрзи на првиот и вториот слободен тренинг

Овој викенд на уличната патека во Макау се одржува претпоследната рунда од Светскиот туринг куп

Во првиот слободен тренинг Норберт Михелис успеа да дојде до најбрзо време од 2:30.460, додека Иван Милер успеа до второ време со заостанување од 0.139 секунди. Трет беше Жан Карл Верне, пред мајсторот за Макау Роб Хаф. Петти беше Јан Ерлаше, пред Том Коронел, Енди Приол, Ники Катсбург, Микел Аскона и Меди Бенани, кој ги комплетираше топ 10-те.

Во вториот тренинг токму Роб Хаф, го покажа своето мајсторство на Макау и успеа да дојде до најбрз круг. Тој успеа да го подобри времето на Михелис од првиот тренинг за речиси една секунда извозувајќи за 2:29.422. Енди Приол беше втор пред Жан-Карл Верне,  Јан Ерлаше, Фредерик Вервиш, Тед Бјерк, Ники Катсбург, Тиаго Монтеиро, Норберт Михелис и Микел Аскона, кој ги заокружи топ 10-те во вториот тренинг.

Како и секогаш, на оваа патека очекуваме доста излетувања и удари во банкините, а прв во првиот тренинг сесијата ја запра Тарквини, додека во вториот тренинг Џим Ка То беше оној поради кој беше запрен вториот слободен тренинг.

Првиот дел од квалификациите започнува утре од 1:50 часот наутро.

Check Also

ТЦР Италија: Рекордна бројка од 26 возачи на стартот на втората рунда на Мизано!

Овој викенд на патеката Мизано во Италија се одржува втората рунда од Италијанскиот ТЦР шампионат, …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *