Wednesday , December 12 2018
Home / Latest Articles / WTCR Макау: Титула за Тарквини, победа за Гериери во третата трка

WTCR Макау: Титула за Тарквини, победа за Гериери во третата трка

Габриеле Тарквини е човекот кој ја освои титулата во првата година на новоформираниот Светски туринг куп, откако ја доби борбата со Иван Мулер за само три поени.

Тарквини дојде до титулата откако заврши на десеттата позиција и со многу големи притисоци ја заврши ова сезона, додека Естебан Гериери не му дозволи на Роб Хаф „Кралот на Макау“ да дојде до 10-та рекордна победа на оваа градска патека.

Имено, Гериери имаше доста подобар старт од Хаф веднаш превземајќи го водството, со Хаф кој главен фокус имаше ставено на Жан-Карл Верне кој беше позади, а дојде брзо зад него проаѓајќи го Норберт Михелис.

Во меѓувреме Тарквини го пројде Тед Бјерк и се најде на деветтата позиција, што значеше дека Милер мораше да заврши на првите две позиции за да дојде до титулата.

Во меѓувреме, безбедносниот автомобил излезе на патеката, откако Орелиен Панис удри во свиокот Паиол. Откако трката продолжи, Бјерк веднаш го пројде Тарквини за деветтата позиција со тоа што тимот на Милер и Бјерк Yvan Muller Racing со овој поредок ја освојува титулата кај тимовите.

Потоа трката се претвори во борба од три автомобили помеѓу Гериери, Хаф и Верне за победа, со Верне пратејќи го во милиметри Хаф, додека пак Хаф иако беше побрз од Гериери, не успеа да најде начин да го пројде Гериери до крајот на трката.

Во 11-от круг Верне направи грешка на свиокот Лисабон, удирајќи го неговото Audi во ѕидот, давајќи му ја третата позиција во генерален пласман кај возачите на Гериери.

Откако беше тргнат автомобилот на Верне, трката продолжи, но овој пат Золт Сабо удри во свиокот Фишерменс Бенд, со што безбедносниот автомобил повторно излезе на патеката, но трката заврши позади него поради тоа што времето за трка пројде.

Поради тоа, Гериери дојде до победа пред Хаф и Михелис, со Милер на четвртата позиција, додека Тарквини дојде до WTCR титула, за само три поени пред Иван Милер, додека пак тимот на Иван Милер ја освои титулата кај тимовите за само три поени предност пред BRC тимот, за кого возат Тарквини и Михелис.

Check Also

WTCR: Hyundai ги потврди четирите возачи за следната сезона

После кратките шпекулации за тоа кој ќе биде дел од силниот тим кој победува, сега …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *