Wednesday , August 5 2020
Breaking News
Home / Latest Articles / WTCR Маракеш: Втор слободен тренинг (Резултати)

WTCR Маракеш: Втор слободен тренинг (Резултати)

Во вториот слободен тренинг можевме да видиме доста побрзи времиња…

Возачот на Cyan Racing Lynk & Co Тед Бјорк, дојде до најбрзо време од 1:25.308 во вториот слободен тренинг, а со 0.094 заостанување Естебан Гериери беше најблиску до најбрзиот круг на Бјорк.

Иван Милер беше на само 0.132 позади неговиот тимски колега од Cyan Racing Lynk & Co, додека Норберт Михелис и Тиаго Монтеиро успеаа да влезат во топ-5.

Шести беше минатогодишниот шампион Габриеле Тарквини пред Јан Ерлаше, Орелиен Панис, Микел Аскона и Жан-Карл Верне кој ги комплетираше првите 10 времиња.

Вториот слободен тренинг исто така помина без инциденти, освен краткиот прекин на сесијата на пет минути до крајот, поради проблемите со предната десна гума на Cupra-та на Том Коронел.

Следна сесија се квалификациите во 14:00 часот.

Ова се целосните времиња од вториот слободен тренинг:

Check Also

ТЦР Италија: Рекордна бројка од 26 возачи на стартот на втората рунда на Мизано!

Овој викенд на патеката Мизано во Италија се одржува втората рунда од Италијанскиот ТЦР шампионат, …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *