Wednesday , August 5 2020
Breaking News
Home / Latest Articles / WTCR: Неделни квaлификации – После победата, Тарквини со пол позиција за третата трка!

WTCR: Неделни квaлификации – После победата, Тарквини со пол позиција за третата трка!

Италијанскиот возач Габриеле Тарквини (Hyundai) ја освои пол позицијата за третата трка денес, поставувајќи подобро време за 0.080 во последните моменти од квалификациите, од Иван Милер (Hyundai)

Сите четири Hyundai автомобили доминираа на квалификациите, што и беше очекувано. Првиот сегмент на квалификациите траеше речиси еден час поради прекинот од 20 минути поради откажувањето на сопирачките на Comtoyou Racing Audi RS 3 LMS автомобилот на Денис Дупон, кој удри во заштитната ограда од гуми и ја оштети доволно за да мораше да се интервенира за нејзино враќање во првобитната положба.

Големи имиња кои не продолжија во вториот дел од квалификациите се Естебан Гериери (Münnich Honda), заедно со двајцата возачи од Boutsen Ginion Racing Honda, Том Коронел и Бенџамин Лесен. Тед Бјорк беше следниот кој во вториот дел од квалификациите направи најдобро време пред останатите три Hyundai автомобили, на Тарквини, Михелис и Милер, додека Јан Ерлаше (Honda) при крајот се подобри и влезе во најбрзите пет во третиот дел од квалификациите.

Двата Audi автомобили на Гордон Шеден и на Фредерик Фервиш не влегоа во топ 10-те за обратниот грид во втората трка, со Фервиш кој доби казна пет места наназад поради инцидентот на првата трка вчера. Пепе Ориола се квалификуваше на десеттата позиција за третата трка, но поради обратниот грид, во втората трка ќе стартува од првата позиција, пред Жан-Карл Верне и Џејмс Томпсон, кои ќе стартуваат од втората и третата позиција.

Во последните моменти од третиот дел на квалификациите, Иван Милер го подобри времето на неговиот внук Ерлаше, за веднаш после тоа Тарквини да се вмеша и да направи најбрзо време на квалификациите за третата трка. Тед Бјерк беше немоќен и успеа да заврши последен од Hyundai автомобилите со четврто најбрзо време пред Ерлаше и неговата Honda.

Q3

Q2

Check Also

ТЦР Италија: Рекордна бројка од 26 возачи на стартот на втората рунда на Мизано!

Овој викенд на патеката Мизано во Италија се одржува втората рунда од Италијанскиот ТЦР шампионат, …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *