Friday , October 18 2019
Home / Latest Articles / WTCR Нирбургринг: Гериери со пол позиција за првата, Лоихтер за третата трка; Таши, Верне и Приол со казни за кршење на „Код 60“

WTCR Нирбургринг: Гериери со пол позиција за првата, Лоихтер за третата трка; Таши, Верне и Приол со казни за кршење на „Код 60“

Во крајно лоши услови со повеќе инциденти, се одржаа квалификациите за петтата рунда од Светскиот туринг куп, на озлогласената патека Нирбургринг-Нордшлајфе

Аргентинскиот возач Естебан Гериери дојде до пол позиција за првата трка на патеката Нирбургринг-Нордшлајфе, во крајно лоши временски услови, на мокра патека. Сесијата беше за момент стопирана поради ударот на Микел Аскона во свиокот Бергверк, но поради заглавувањето на менувачот на автомобилот во брзина, судиите одлучија да ја продолжат сесијата под зелено знаме на неколку минути до крајот. Но тогаш работите се искомплицираа.

Возачите излегоа на патеката, ризикувајќи со слик гуми на делумно мокра патека. Потоа условите на патеката се влошија, со поголеми врнежи од дожд. Лоихтер, Коронел и Чекон имаа мали излетувања од патеката без удари, но Фредерик Вервиш при крајот од сесијата имаше сериозен удар во свиокот Хаценбах, кој воедно беше и вториот автомобилот од тимот кој претрпе инцидент.

Како што рековме, Гериери ја освои пол позицијата, додека веднаш до него од втората позиција во првата трка ќе стартува Норберт Михелис, пред Нестор Гиролами, Фредерик Вервиш, Тед Бјерк, Иван Милер, Жан-Карл Верне, Јан Ерлаше, Роб Хаф и Бенјамин Лоихтер кој ги комплетираше првите 10 времиња на квалификациите за првата трка.

Во вторите квалификации за третата (главна) трка, Бенјамин Лоихтер беше возачот кој ја освои пол позицијата, формирајќи 1-2 старт за него и за неговиот тимски колега Роб Хаф. Лоихтер и Хаф веднаш постигнаа најбрзи времиња, додека Ерлаше и Хеглоф останаа во вториот круг да направат времиња со кои се најдоа високо на листата.

На 10 минути до крајот на квалификациската сесија, Тед Бјерк додје до најбрзо време, но сесијата за Ники Катсбург заврши, откако Холанѓанецот заврши во заштитната ограда во свиокот Галгенкоф, оштетувајќи ја суспензијата на неговиот автомобил.

Откако се засуши патеката и слик гумите повторно беа монтирани, тимските колеги Кристоферсон, Лоихтер и Хаф веднаш се вратија на чело на временската листа. Даниел Хеглов буквално леташе по патеката, а кога веќе беше очигледно дека ќе освои пол позиција, во последниот сектор, тој излета, удри во заштитаната ограда толку силно, откинувајќи го тркалото од автомобилот.

Во тој момент стапи на сила „Код 60“, правило кое е превземено од трките на издржливост, што значи дека на критичните места на патеката каде што има инцидент, возачите мораат да возат со 60км/ч. Тоа правило го прекршија Атила Таши, Жан-Карл Верне и Енди Приол при што беа казнети со старт длабоко назад од гридот.

Лоихтер ќе стартува од пол позицијата, пред неговиот тимски колега Роб Хаф, додека од вториот ред од третата позиција ќе стартува Естебан Гериери, пред Норберт Михелис кој успеа да дојде до четврта стартна позиција. Тарквини ќе стартува веднаш позади Михелис, пред Меди Бенани, Фредерик Вервиш, Анти Бури и Јохан Кристоферсон.

Првата трка е закажана за утре (петок) од 17:30 часот, додека втората и третата трка се на програмата во сабота наутро. Подгответе се за крајно интересни три трки!

Check Also

Опасно превртување на Мирко Миловановиќ на Авала…

Овој викенд близу Белград, се одржа ридската трка Авала која е последна во шампионатот во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *