Friday , October 18 2019
Home / Latest Articles / WTCR Нирбургринг: Радости, казни, повреди и промена во генерален пласман кај возачите…

WTCR Нирбургринг: Радости, казни, повреди и промена во генерален пласман кај возачите…

После освојувањето на пол позицијата, возачот на Yvan Muller Racing Тед Бјерк успеа да дојде до победа иако во еден момент беше на граница да биде загрозен од Фредрик Вервиш во последниот круг.

Но сепак, Бјерк го освои Зелениот Пекол, додека на втората позиција заврши Фредрик Вервиш кој имаше сериозно успешен викенд со две завршувања на подиум, што му даде огромна надеж за понатамошниот тек на сезоната. Тој во втората трка заврши на третата позиција, додека во третата трка финишираше како второпласиран, за осум секунди пред 4-кратниот туринг шампион Иван Милер.

Бенјамин Лесен пристигна како четврти пред Натанаел Бертон на петтата позиција. Шести беше Пепе Ориола, додека Верне, Бенани, казнетиот Гериери (10 секунди поради контакт со Михелис) и Том Коронел влегоа во топ 10 возачи кои освоија поени.

Исто така, бевме сведоци на неколку казни, но и повреда со која се здоби Габриеле Тарквини. Возачот на Munnich Motorsport Естебан Гериери беше сериозно лут на судиите кои му дадоа казна од десет секунди поради проаѓањето на Норберт Михелис, кој стјуардите го проценија како агресивно, додека Гериери го објасни како најдобар потег за него во неговата кариера.

Со двојна казна се здоби Џејмс Томпсон кој беше жртва на грешка на неговиот тим кој го подигна автомобилот пред почетокот на периодот за поправки, при што веднаш беше дисквалификуван за втората трка, додека за третата трка му беше дадена казна од 40 секунди. Тој ја заврши третата трка на 16-тата позиција, а заедно со казната се врати на 19-тата. Томпсон имаше огромни потешкотии овој викенд поради тоа што тој никогаш не ја возел оваа патека, која не смее да се потцени во никој случај, па затоа му беше невозможна адаптацијата на Зелениот Пекол.

Гордон Шеден исто така беше еден од четворицата казнети возачи на втората и третата трка на Нирбургринг – Нордшлајфе. Шеден беше казнет поради инцидентот со Габриеле Тарквини, во кој Тарквини доволно го оштети автомобилот за да не може да стартува во третата трка. Италијанскиот ветеран исто така се здоби со повреда, поради која мораше да биде прегледан од официјалната медицинска служба. Во неговата изјава стоеше дека тој има големи болки, а кога ќе пристигне дома ќе мора да направи рентген преглед, препорачан од медицинската служба.

Норберт Михелис исто така беше казнет за инцидентот со Роб Хаф во третата трка. Михелис пробаше да го пројде Хаф од внатрешна страна на Ex-Mühle свиокот, а потегот го направи откако помисли дека Хаф премногу се отворил. Сепак тој потег судиите го осудија како преагресивен, после што и двајцата мораа да се откажат поради оштетувања на автомобилите, а на Михелис му е дадена казна – пет места поназад на следната трка на Зандворт, која ќе се одржи следниот викенд. После ова Михелис падна на четвртата позиција во генерален пласман, додека Хаф моментално се наоѓа на шестата позиција после две незавршени трки на германската рунда.

Највеќе од овој викенд профитираше токму Иван Милер кој моментално се наоѓа на лидерската позиција во генерален пласман кај возачите после победата на првата трка и четвртата и третата позиција на втората и третата трка.

Следна рунда е холандската, на патеката Зандворт следниот викенд.

Check Also

Опасно превртување на Мирко Миловановиќ на Авала…

Овој викенд близу Белград, се одржа ридската трка Авала која е последна во шампионатот во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *