Saturday , July 20 2019
Home / Latest Articles / WTCR Нирбургринг: Светол старт за Volkswagen на денешните слободни тренинзи

WTCR Нирбургринг: Светол старт за Volkswagen на денешните слободни тренинзи

Стартува најтешкиот предизвик за Светскиот туринг куп

После завршетокот на денешните слободни тренинзи на озлогласениот „Зелен Пекол“, можевме да видиме добар старт за Volkswagen, кои доста се измачуваа во борба со останатите конкуренти во досегашниот дел од  сезоната.

На првиот слободен тренинг возачот на Sébastien Loeb Racing Роб Хаф беше најбрзиот на патеката со време од 8:59.711, додека веднаш позади него на втората позиција се најде еден од најконстантните возачи на гридот Естебан Гериери кој задоцни за 0.685 секунди позади Хаф.

Позади Гериери на третата позиција со заостанување од 0.798 секунди имаме уште еден возач на VW, тимскиот колега на Хаф, Јохан Кристоферсон, додека четврти пристигна Жан-Карл Верне во Audi со заостанување од 0.857 секунди.

Петти и со повеќе од една секунда заостанување беше Бенјамин Лоихтер во Audi пред прво пласираниот од Hyundai автомобилите кои овој викенд со себе носат најголема тежина, Аугусто Фарфус. Норберт Михелис пристигна како седми, пред Нестор Гиролами на осмата, Ники Катсбург на деветтата и Нилс Лангевелд на десеттата позиција.

Во вториот тренинг Кристоферсон и Хаф формираа 1-2 за VW. Кристиферсон успеа да го симне времето на Хаф за нешто повеќе од две секунди – 8:57.185. Хаф заостана за 0.746, додека трет најбрз беше Лангевелд со заостанување од 0.829 секунди. Нестор Гиролами овој пат заостана за 2.588 што беше доволно за четврто време, додека Катсбург дојде до петтата позиција.

Шести беше Норберт Михелис, пред Том Коронел на седмата позиција и Тед Бјерк на осмата. Деветти беше Жан-Карл Верне, додека топ 10-те во вториот слободен тренинг ги комплетираше Гордон Шеден. Во тек се првите квалификации, додека вторите квалификации се на програмата од 19:30 часот.

Check Also

Ристо Вуков со трета стартна позиција на Берановац

Овој викенд на воениот полигон Берановац крај Краљево во тек е третата рунда од Српскиот …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *