Saturday , October 31 2020
Home / Latest Articles / WTCR: Нова Honda за Гиролами за Хунгароринг

WTCR: Нова Honda за Гиролами за Хунгароринг

После опасната незгода на Гиролами на Словакиаринг, автомобилот Honda Civic Type-R TCR беше поништен

Возачот на Münnich Motorsport Нестор Гиролами беше приморан да го промени автомобилот после опасното излетување и удар на Словакиаринг изминатиот викенд, после што дојде до поништување на тој автомобил поради преголемо оштетување.

Аргентинецот ќе го вози тест автомобилот на Münnich Motorsport на следната рунда на Хунгароринг овој викенд. Гиролами беше втор во генерален пласман кај возачите и беше во борба за титулата оваа година, но после ударот не успеа да земе поени ниту од втората ниту од третата трка.

Тоа го постави на осмата позиција во генерален пласман, но оваа ситуација не го остава да се откаже од борбата за титулата. Ако го повтори истиот резултат од минатата година, две победи на Хунгароринг, лесно ќе може да се врати во борба за титулата.

Check Also

WTCR: После доминацијата на Хунгароринг, Хонда ќе добие најголема тежина на Арагон

Münnich Motorsport, ќе мора да додаде максимум тежина на своите автомобили за Арагон овој викенд …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *