Wednesday , August 5 2020
Breaking News
Home / Latest Articles / WTCR: Ова е првиот уништен TCR автомобил оваа сезона

WTCR: Ова е првиот уништен TCR автомобил оваа сезона

Маракеш не простува…

Возачот на WRT Audi Жан-Карл Верне изјави дека неговиот автомобил Audi RS 3 LMS ќе биде отпишан од шампионатот после сериозниот удар кој го имаше во третата трка од првиот тркачки викенд во Мароко.

Од стартната седма позиција, Верне успеа да дојде до петтата после инцидентите кои се случија пред него, но на три круга до крајот Французинот изјави дека неговите сопирачки целосно откажале, за потоа да заврши во заштитните огради со силен удар со задниот дел, оштетувајќи го автомобилот до неупотребливост.

„Автомобилот е мртов. Очекувам дека моторот е здрав, се надевам дека е здрав бидејќи не би сакал да добијам казна за менување на моторот и старт од последната позиција на следната трка. Сепак ќе мораме да набавиме нов автомобил за следниот тркачки викенд во Унгарија.“ – изјави Верне.

Check Also

ТЦР Италија: Рекордна бројка од 26 возачи на стартот на втората рунда на Мизано!

Овој викенд на патеката Мизано во Италија се одржува втората рунда од Италијанскиот ТЦР шампионат, …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *