Saturday , December 15 2018
Home / Latest Articles / WTCR: Повторно изненадување од страна на Hyundai на квалификациите за главната трка

WTCR: Повторно изненадување од страна на Hyundai на квалификациите за главната трка

Возачот на BRC Racing Норберт Михелис успеа да дојде до пол позиција за главната (трета) трка откако во последен момент успеа да направи време од 2:10.340, доволно за да му ја одземе пол позицијата на Орелиен Комт (Peugeot).

Ова беше прв пат за Комт да влезе во финалните пет возачи кои се борат за пол, освојувајќи ја втората стартна позиција пред Естебан Гериери (Honda) и Иван Милер (Hyundai).

Од третиот ред ќе стартуваат Џон Филипи и Пепе Ориола, пред Фредерик Вервиш и Бенџамин Лезен на седмата и осмата позиција. На деветтата и десеттата позиција се квалификуваа Габриеле Тарквини и Норберт Наџ.

Ова значи дека на втората трка Наџ ќе стартува од пол позицијата и ќе има шанси за доста висок пласман.

Втората трка започнува во 19:00 часот.

Check Also

WRC: Официјално, Себастиен Леб се враќа во WRC со 2-годишен договор со Hyundai

Деветкратниот WRC шампион, а воедно и најкомплетниот возач на сите времиња, Себастиен Леб, официјално се …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *