Saturday , October 31 2020
Home / Latest Articles / WTCR: Полусезона – како стојат работите во Светскиот туринг куп пред Хунгароринг

WTCR: Полусезона – како стојат работите во Светскиот туринг куп пред Хунгароринг

Светскиот туринг куп иако на апарати, како и секоја форма на спорт оваа сезона, дојде до половина на сезоната од шест рунди кои се одржуваат само на европско тло поради Ковид19 пандемијата.

Во изминатите три рунди гледавме опасна борба. Сезоната започна на Золдер во Белгија со програма од две трки. И покрај првата пол позиција од Натанаел Бертон, прв како победник се запиша Иван Милер од Cyan Racing, додека втората победа тој викенд ја однесе Нестор Гиролами од Munich Motorsport позади волан на Honda.

После Золдер следеше Нирбургринг/Нордшлајфе, каде предизвикот беше уште поголем, подобро кажано најголем оваа сезона бидејќи возачите беа ставени на огромен притисок, но и нивните автомобили на „Зелениот Пекол“.

Квалификациите за првата трка ги освои Иван Милер, додека за втората трка пол позицијата му припадна на Нестор Гиролами, додека Естебан Гериери ја однесе победата во првата трка, а на втората трка триумфираше токму Јан Ерлаше кој го зголемува водството во генерален пласман кај возачите.

Но на третата рунда на Словакиаринг работите започнуваат да се усложнуваат. На Словакиаринг Audi започнува да покажува доста квалитетни перформанси. Доминацијата на Audi веднаш се препозна, и тоа со најбрзото време на вториот слободен тренинг, како и на квалификациите за првата и третата трка.

Натанаел Бертон ја освои првата трка, додека втората трка му припадна на неговиот тимски колега Том Коронел кој за прв пат доаѓа до победа во Светскиот туринг куп,. Победа во третата трка извојува Ники Катсбург за кого исто така ова беше прва победа во ова натпреварување.

И да сумираме. Светскиот туринг куп се сели овој викенд на Хунгароринг за четвртата рунда, а работите во генерален пласман стојат вака:

Јан Ерлаше се наоѓа на лидерската позиција во генерален пласман со 113 поени пред Том Коронел на втората позиција со 92 поени. Трет е Жил Магнус со 82 поени пред Естебан Гериери на четвртата позиција со 78 поени. Натанаел Бертон е со ист број поени на петтата позиција, додека шести е Иван Милер со 74 поени пред Верне и Гиролами со по 72 поени на седмата и осмата позиција. Деветти и десетти се Тед Бјерк и Ники Катсбург со 64 и 53 поени.

Кај тимовите лидерската позиција ја држат CYAN RACING LYNK & CO со 187 поени пред COMTOYOU DHL TEAM AUDI SPORT со 170 и ALL-INKL.COM MÜNNICH MOTORSPORT со 150 поени.

Со овој биланс, овој викенд караванот се сели на Хунгароринг каде додаток од 20кг за максимум 80кг дополнителна тежина доби Audi, додека Honda губат 20кг, од 50 на 30кг дополнителна тежина, а Lynk & Co овој викенд ќе возат со дополнителна тежина од 40кг и 10мм намалена висина за крајни 80мм.

Check Also

WTCR: После доминацијата на Хунгароринг, Хонда ќе добие најголема тежина на Арагон

Münnich Motorsport, ќе мора да додаде максимум тежина на своите автомобили за Арагон овој викенд …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *