Thursday , October 18 2018
Home / Latest Articles / WTCR Словакиаринг: Доминацијата на Hyundai на квалификациите, се претвори во доминација на VW групацијата на првата трка

WTCR Словакиаринг: Доминацијата на Hyundai на квалификациите, се претвори во доминација на VW групацијата на првата трка

На доста топло време денес, на патеката Словакиаринг крај Братислава се одржа првата трка од трите закажани овој викенд во рамките на Светскиот туринг куп.

Како што веќе најавивме, специјално дојдовме да ја проследиме последната Европска рунда, и дефинитивно засега сме презадоволни од викендот и од борбите на кои бевме сведоци во првата трка, кои воопшто не ги очекувавме.

Од почеток изгледаше дека после доминацијата на Hyundai на квалификациите, ќе гледаме досадна трка, но се се промени на стартот уште во првиот круг. Освојувачот на пол позицијата, Габриеле Тарквини имаше огромен проблем на стартот од трката, со тоа што како што изјави на прес конференцијата, неговиот мотор за малку не се изгасил. Тоа го искористи Орелиен Комт (Peugeot) избивајќи на првата позиција, исто како и Пепе Ориола (Cupra) и Жан-Карл Верне кои ги завземаа втората и третата позиција.

Комт немаше добро темпо со неговото Пежо, кој доста брзо беше пројден од Ориола и Верне, а Тарквини веќе се најде зад нив на четвртата позиција. Најголем бенефит од возачите кои беа надвор од топ 10-те беше Фабрицио Џованарди (Alfa Romeo), кој веднаш уште на стартот се најде во првите десет возачи, а веќе во вториот круг дојде до шестата позиција. Тарквини го пројде Комт во третиот круг, но Ориола почна да прави голема предност.

Откако трката зема замав, мораше да биде за кратко стопирана и возена позади безбедносниот автомобил, поради излетувањето на Фредерик Вервиш, а автомобилот беше запран на 10тиот свиок. Откако трката продолжи, Ориола продолжи да ја одржува предноста пред Верне и Тарквини, но расположениот Џованарди успеа да го пројде и супер брзиот Јан Ерлаше (Honda), за петтата позиција, воедно, освојувајќи први поени за неговиот Team Moulsanne.

Двата Hyundai автомобили на Милер и на Бјерк од YMR, тимот на Иван Милер, како и Норберт Михелис беа дисквалификувани поради неправилности на турбо полначите, но секако не влегоа во првите десет возачи, завршувајќи – Бјерк на 12-тата и Милер на 13-тата позиција, додека Михелис се повлече од трката во претпоследниот круг.

Како што рековме, Фабрицио Џованарди стигна до петтата позиција позади Комт, каде и остана до крајот на трката, додека во првите десет возачи кои освоија поени се најдоа Јан Ерлаше на шестата, веднаш пред Том Коронел на седмата, додека иако Вервиш се најде надвор од трката, неговиот тим Comtoyou Racing славеше поени од останатите три возачи со Дени Дупон завршувајќи на осмата позиција пред Орелиен Панис и Натанаел Бартон, сите позади волани на Audi.

Иван Милер сеуште е во водство во генерален пласман, пет поени пред Тарквини, со Ерлаше на третата позиција за 12 поени поназад, воедно и четири поени пред Жан-Карл Верне на четвртата позиција. Пепе Ориола со ова победа се најде на шестата позиција во генерален пласман, проаѓајќи ги Гериери, Хаф и Норберт Михелис.

Следно на програмата денес се вторите квалификации од 15:10 часот, пред втората трка која ќе стартува со обратен грид од првите квалификации во 19:00 часот.

Check Also

Мартин Делев после Скопски Круг: За оваа патека потребен е сериозно подготвен автомобил!

Мартин Делев и покрај проблемите со автомобилот кои ги има низ целата година, се одлучи …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *