Thursday , May 23 2019
Home / Latest Articles / WTCR Словачка: Потег на викендот – Гордон Шеден „Флеш“ (ВИДЕО)

WTCR Словачка: Потег на викендот – Гордон Шеден „Флеш“ (ВИДЕО)

Бившиот шампион во Британскиот туринг шампионат Гордон Шеден едноставно се наоѓа во проблеми откако дојде во Светскиот туринг куп. Неговиот тимски колега Жан-Карл Верне несомнено подобро поминува од трка во трка, но Шеден едноставно тешко успева да влезе во првите десет.

На третата рунда во Словачка, во првата трка заврши како 12, во втората како 13, додека во третата трка заврши на 15 позиција. Сепак во овој шампионат нема лош возач, туку сите резултати се направени со разлика во делови од секундата, што ги дели возачите еден од друг, правејќи ги „подобар“ или „полош“ возач.

Но сепак, оваа објава е за потегот на денот, во кој се возеа трите трки поради густиот распоред на Словакиаринг. После стартно-целната рамнина, на првиот свиок тој пројде помеѓу Даниел Хеглоф и Орелиен Панис, напаѓајќи ги од перфектна позиција:

Check Also

Возбудлив старт на сезоната во Кичево (Извештај)

Со првата трка одржана на патеката во Кичево, започна шампионатот на Македонија во автомобилизам Како …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *