Saturday , July 20 2019
Home / Latest Articles / WTCR Словачка: Хуа како херој на викендот, Гиролами останува во водство во генерален пласман (ВИДЕО)

WTCR Словачка: Хуа како херој на викендот, Гиролами останува во водство во генерален пласман (ВИДЕО)

Како победници овој викенд на патеката Словакиаринг крај Братислава се запишаа Вервиш, Хуа и Гиролами, но херојот на викендот дефинитивно беше Кинескиот возач Ма Чин Хуа, кој направи неверојатен резултат за неговиот тим овој викенд

Хуа успеа да помине втор низ целта во првата трка, да освои победа во втората трка и да заврши на деветтата позиција во третата трка. Тоа се многу важни поени за Team Moulsanne Alfa Romeo, а ова е дефинитивно викенд за паметење за нив бидејќи и Кевин Чекон имаше две трети позиции во втората и третата трка.

Хуа не успеа да ја задржи првата позиција од Вервиш во првата трка, но успеа да се одбрани од Михелис за да пристигне како втор. Истата борба овие двајца ја имаа и во третата трка со тоа што овој пат Хуа ја бранеше првата позиција од Михелис, доаѓајќи до голема победа за него и за неговиот тим.

Првата трка заврши по овој редослед – линк

Во втората трка тимот на Munnich Motorsport имаше перфектен скор. Двајцата сонародници и тимски колеги Нестор Гиролами и Естебан Гериери постигнаа 1-2 победа за Honda, со Кевин Чекон повторно на третата позиција во неговата Alfa Romeo. Ники Катсбург кој ја освои пол позицијата за првата и третата трка имаше катастрофален старт во првата трка, завршувајќи на седмата позиција при што на втората трка успеа да заврши на четвртата позиција, пред Роб Хаф на петтата кој беше единствениот VW Golf во првите 13 места. После Хаф на шестата позиција заврши Михелис, пред Аскона, Лангевелд, Хуа и Том Коронел.

Сепак третата трка беше моментот во кој Ма Чин Хуа постигна херојска победа за неговиот тим, при што успеа да се одбрани од Норберт Михелис кој заврши за 0.242 секунди позади на втората позиција пред Кевин Чекон кој беше трет со заостанување од 0.694. Ова беше триото кое се одвои напред, додека четвртопласираниот Нилс Лангевелд кој ја предводеше втората група, заостануваше за 11.818 секунди позади. Петти заврши Микел Аскона,  пред Гериери, Фарфус, Панис, Тарквини и Лука Енгстлер, кој возеше како гостин на оваа рунда, покажувајќи сериозни перформанси со дополнителна тежина за гостински возач.

Следната рунда е на патеката Зандворт во Холандија, овој викенд.

Подолу, погледнете ја акцијата од Словачката рунда преку видеата од најинтересните моменти во трите трки.



Check Also

Ристо Вуков со трета стартна позиција на Берановац

Овој викенд на воениот полигон Берановац крај Краљево во тек е третата рунда од Српскиот …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *