Wednesday , November 21 2018
Breaking News
Home / Latest Articles / WTCR: Стефано Комини ги негира шпекулациите за неговото враќање со Comtoyou во 2018

WTCR: Стефано Комини ги негира шпекулациите за неговото враќање со Comtoyou во 2018

Стефано Комини, 2-кратниот TCR International шампион се огради и се дистанцираше од шпекулациите кои го поврзуваа со неговото враќање во Comtoyou Racing, тимот каде тој настапуваше минатата сезона

Швајцарецот изјави дека тој не бил во преговори со белгискиот тим, но не би откажал да се врати бидејќи имал незаборавни моменти со тимот:

„Поминавме доста добра сезона заедно. И покрај одреден број на потешкотии имам огромно почитување кон нив, тие постигнаа огромни работи во текот на минатата сезона.“

Комини не одрекува дека повторно би возел за нив оваа година, но говори дека ништо не е дефинитивно во моментов.

„Би бил среќен да разговарам со нив и да најдеме решение. Знам дека сега сум повеќе дораснат за оваа задача, а тимот можеше да го види тоа највеќе во вториот дел од сезоната. Ќе бидам почестен ако бидеме повторно заедно во тимот, но моментално немам контакт со нив. За сигурно би било интересно да се вратам во преговори со нив и знам дека ќе ми пружат перфектни алатки за да се бориме за најголемото достигнување во Светскиот туринг куп.“ – изјави Комини.

После двете титули во TCR International Series, минатата година Комини заврши на третата позиција позади воалнот на неговиот автомобил Audi RS 3 LMS од тимот Comtoyou Racing.

Check Also

WTCR: Верне со победа во првата трка, Хаф ќе мора да почека за 11-та рекордна победа

Францускиот возач Жан-Карл Верне дојде до изненадувачка победа, кој буквално ја украде од фаворитот за …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *