Tuesday , September 22 2020
Home / Latest Articles / WTCR: Тарквини со победа во втората трка, после ударот на Катсбург

WTCR: Тарквини со победа во втората трка, после ударот на Катсбург

Минатогодишниот шампион Габриеле Тарквини дојде до победа во втората трка во Маракеш, откако неговиот тимски колега Ники Катсбург излета од патеката, поклонувајќи му ја предноста на Италијанецот

Катсбург имаше перфектен старт, на кого не можеше ниту Тарквини да му пркоси, знаејќи го како перфектен стартер. Катсбург безбедно ја предводеше трката додека не излета пред првата шикана поради проблем со сопирачките. После ова Тарквини дојде во водство, а на Верне му остана да брка прва позиција.

Единствениот клучен момент во оваа монотона трка беше на Јан Ерлаше кој после перфектниот старт се најде на четвртата позиција пред Гериери, но на крај заврши трет позади Верне после излетувањето на Катсбург.

Меди Бенани повторно се повлече во боксот поради оштетувања на неговиот автомобил. Тој и вчера и денес се запиша како прво откажување поради инцидент, вчера со Том Коронел, а денес со неговиот тимски колега Роб Хаф. Трето и последно откажување беше забележано за Ма Чи Ха кој поради скината гума мораше да се повлече во боксот.

Во 10-тиот круг Ники Катсбург поради проблем со сопирачките излета и се удри во бариерите, па затоа трката беше предводена четири круга позади безбедносниот автомобил.

Останатите шест кругови поредокот остана ист и тоа Тарквини помина прв на целта, следен од Верне, додека Ерлаше го пополни последното место на подиумот. После вчерашната победа Гериери мораше да се задоволи со четвртата позиција пред Микел Аскона кој имаше извонреден настап завршувајќи на петтата позиција после стартот од петтото место на гридот.

Шести беше Тед Бјерк, пред Иван Милер, Тиаго Монтеиро Фредерик Вервиш и Нестор Гиролами, кој ги заокружи топ 10-те возачи. Од оваа година првите 15 возачи се бодуваат, а во бодови завршија Аугусто Фарфус, Норберт Михелис, Енди Приол, Том Коронел и Гордон Шеден. Подолу погледнете го цеосниот поредок.

1 1 Gabriele TARQUINI Italy Hyundai i30 N TCR 20 20 LAPS 1:27.420 2
2 69 Jean-Karl VERNAY France Audi RS3 LMS TCR 20 3.317 1:27.031 3
3 68 Yann EHRLACHER France Lynk & Co 03 TCR 20 3.991 1:27.758 5
4 86 Esteban GUERRIERI Argentina Honda Civic Type R TCR 20 4.514 1:27.510 4
5 96 Mikel AZCONA Spain CUPRA TCR 20 4.669 1:27.370 6
6 11 Thed BJÖRK Sweden Lynk & Co 03 TCR 20 7.064 1:27.840 8
7 100 Yvan MULLER France Lynk & Co 03 TCR 20 8.197 1:27.737 9
8 18 Tiago MONTEIRO Portugal Honda Civic Type R TCR 20 8.496 1:27.647 7
9 22 Frédéric VERVISCH Belgium Audi RS3 LMS TCR 20 8.895 1:27.229 10
10 29 Néstor GIROLAMI Argentina Honda Civic Type R TCR 20 9.439 1:27.485 11
11 8 Augusto FARFUS Brazil Hyundai i30 N TCR 20 9.870 1:27.431 13
12 5 Norbert MICHELISZ Hungary Hyundai i30 N TCR 20 11.109 1:27.442 14
13 111 Andy PRIAULX United Kingdom Lynk & Co 03 TCR 20 12.081 1:27.751 16
14 50 Tom CORONEL The Netherlands CUPRA TCR 20 12.703 1:27.554 15
15 52 Gordon SHEDDEN United Kingdom Audi RS3 LMS TCR 20 13.109 1:27.594 17
16 37 Daniel HAGLÖF Sweden CUPRA TCR 20 13.659 1:27.646 18
17 14 Johan KRISTOFFERSSON Sweden Volkswagen Golf GTi TCR 20 14.126 1:27.412 23
18 10 Niels LANGEVELD The Netherlands Audi RS3 LMS TCR 20 14.831 1:27.451 25
19 31 Kevin CECCON Italy Alfa Romeo Giulietta TCR 20 15.184 1:27.303 20
20 9 Attila TASSI Hungary Honda Civic Type R TCR 20 16.358 1:27.461 21
21 21 Aurélien PANIS France CUPRA TCR 20 16.796 1:27.209 26
22 12 Rob HUFF United Kingdom Volkswagen Golf GTi TCR 20 17.440 1:26.974 19
23 33 Benjamin LEUCHTER Germany Volkswagen Golf GTi TCR 20 18.209 1:27.075 24

Check Also

Вуков: Валелунга е една од најтешките патеки во Италија

Изминатиот викенд на патеката Валелунга во Италија се одржа четвртата рунда од Италијанскиот Порше Карера …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *