Wednesday , February 20 2019
Home / Latest Articles / WTCR: Тимот на Audi Sport комплетиран за 2019 сезона

WTCR: Тимот на Audi Sport комплетиран за 2019 сезона

Како се наближува почетокот на новата сезона, Светскиот туринг шампионат добива форма

Имено тимот на Audi Sport како четврт возач го комплетираше Нилс Лангевелд кој котираше на високата петта позиција минататa сезона во TCR Германија токму во Audi RS 3 LMS, а сега влегува на Светска сцена.

Лaнгевелд ќе биде тимски колега со Фредерик Вервиш кој заврши на деветтата позиција во Светскиот туринг куп минатата сезона возејќи за Comtoyou Team Audi Sport.

Кога сме кај Audi, тимот на WRT останува непроменет со Гордон Шеден и Жан-Карл Верне, но без спонзорот Лукоил, што значи дека Белгискиот тим ќе се води под Leopard Racing Team Audi Sport банер.

Check Also

WTCR: Team Mulsanne продолжува на Светската сцена

Team Mulsanne и оваа сезона ќе настапи со два автомобили Alfa Romeo Giulietta TCR во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *