Wednesday , April 24 2019
Home / Latest Articles / WTCR: Тимот на VW е комплетен и репетиран за 2019 сезона

WTCR: Тимот на VW е комплетен и репетиран за 2019 сезона

Со пополнување на четвртото седиште, Тимот на VW SLR е подготвен за 2019 сезона

Последното четврто седиште во тимот на VW тим Sebastien Loeb Racing е пополнето, а со тоа и тимот е комплетен. Бенјамин Лоихтер е четвртиот возач на тимот, кој заедно со Роб Хаф, Јохан Кристоферсон и Меди Бенани ќе се бори за нејвисокиот пласман на подиумот.

31-годишниот Лоихтер е бренд и моторспорт амбасадор на VW и беше тесно инволвиран во развојот на Volkswagen Golf GTI TCR. Минатата сезона тој заврши на осмата позиција во генералниот пласман кај возачите во TCR Германија, позади воланот на VW за Max Kruse Racing.

„Светски куп ми претставува сон уште од дете, а конечно се оствари. Почестен сум што ми е дадено седиште во тимот и ќе дадам се од себе за да ги претставам Германските бои како што доликува. Познати ми се само две од десетте патеки кои се возат оваа сезона, но бидејќи брзо учам, тоа нема да ми претставува никаков проблем.“ – изјави Лоихтер.

Check Also

WRC: Toyota ќе развиваат R5 автомобил

WRC2 категоријата во склоп на Светскиот рели шампионат станува доста возбудлива… Фактот дека оваа класа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *