Friday , March 22 2019
Home / Latest Articles / WTCR: Том Коронел во нов тим со нов автомобил оваа сезона

WTCR: Том Коронел во нов тим со нов автомобил оваа сезона

Убедливо најактивниот тркач на социјалните мрежи Том Коронел, оваа сезона ќе настапи со нов автомобил и нов тим 

Имено, Коронел минатата сезона возеше за тимот Boutsen Ginion позади волан на автомобил Honda Civic Type-R. Оваа година тој се одлучи своите спонзори да ги префрли на Cupra во Comtoyou Racing.

Минатата сезона Коронел и Boutsen Ginion Racing не покажаа добри резултати со шест завршувања во топ 10 и најдобар резултат – седма позиција во генерален пласман.

Ова е враќање на Том Коронел во Шпанскиот бренд после 10 години, откако се натпреваруваше во WTCC за Sunred Engineering.

Автомобилот е повторно во познатата жолта боја, додека стартниот број 50 има посебно значење, со што Коронел ја изразува 50-годишнината на од постоењето на неговиот спонзор DHL.

Check Also

WRC: Зошто е Рели Мексико едно од најопасните? Он-борд видео Себастиен Ожие

Ова видео е најдобар пример зошто Рели Мексико е едно од најопасните во календарот Ова …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *