Thursday , December 3 2020
Home / Latest Articles / WTCR финале: Од безизлезна ситуација на 16 позиција, до стратешка победа за Гериери и Honda на првата трка

WTCR финале: Од безизлезна ситуација на 16 позиција, до стратешка победа за Гериери и Honda на првата трка

Возачот на Münnich Motorsport Естебан Гериери дојде до неверојатна победа стартувајќи од 16 позиција на стартот од првата трка на финалето од Светскиот туринг куп на патеката Арагон.

1-2 победата за Гериери и Гиролами се однесува како резултат на тактитката на Honda која ја имплементираа после детално проучените услови на патеката.

Тие одеа на варијанта слик гуми напред, дождовни назад, додека цел грид излезе на стартот со целосен слик сетап. Сензационалната победа се должеше на оваа одлука, која беше единствената одлука која можеше да донесе резултат.

Иако ризикот беше огромен, од Honda немаа што да изгубат па затоа ризикуваа и победија. Но сепак, титулата е далеку, иако Гериери со оваа победа се приближи во генерален пласман кај возачите до Јан Ерлаше, наоѓајќи се на 16 поени од лидерската позиција.

Но сепак, Гиролами беше оној кој ја водеше целата трка, додека на два свиока од целта доби тимска наредба да го пропушти неговиот тимски колега кој се бори за титулата.

Останатите возачи буквално се мачеа низ патеката. што се гледа по доцнењето на третопласираниот Жил Магнус кој помина низ целта со 13.449 секунди заостанување.

Натанаел Бертон пристигна четврти, пред Микел Аскона на петтата позиција. Шести беше Јан Ерлаше, пред Иван Милер, Жан-Карл Верне на осмата, додека деветти заврши Сантиаго Урутиа. Топ 10-те ги комплетираше Атила Таши.

Втората трка ќе започне во 13:15 часот по средно европско време, а од пол позицијата ќе стартува Иван Милер според правилата на обратен грид од квалификациите (Q2).

Check Also

BTCC: Со победата на втората трка, Сатон се поблиску до титулата оваа година

Еш Сатон го зголеми водството во генерален пласман во Британскиот туринг шампионат и се наоѓа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *