Wednesday , January 22 2020
Breaking News
Home / Latest Articles / WTCR Хунгароринг: Нестор Гиролами ги предводеше Honda со 1-2 на првиот слободен тренинг

WTCR Хунгароринг: Нестор Гиролами ги предводеше Honda со 1-2 на првиот слободен тренинг

Нестор Гиролами направи најбрзо време на првиот слободен тренинг, пред својот колега од Münnich Motorsport Естебан Гериери кои успеаа да се пласираат пред домаќинот Атила Таши

Со Таши и неговиот KCMG тим, Honda ги завзема првите три позиции во релативно тивката прва тренинг сесија, на која претходно доминираа Таши и Михелис.

Очигледно беше дека возачите не форсираа на крајот од првиот тренинг, што се виде по поставеното време кое беше за 1.5 секунда поспоро од квалификацискиот рекорд од 2018 година.

Жан-Карл Верне беше најбрз од Audi автомобилите на четвртата позиција, доаѓајќи до неа во последните неколку минути, иако Французинот беше сеуште повеќе од половина секунда од најбрзото време.

Орелиен Панис и Том Коронел следеа после Верне, како најбрзи од возачите на Cupra на петтата и шестата позиција, пред Михелис и неговото Hyundai, кој не успеа да го подобри неговото време после првите 15 минути.

Енди Приол беше најдобро пласираниот од неговиот тим во Lynk & Co автомобили на осмата, пред Фарфус на деветтата и втората Honda на KCMG со Тиаго Монтеиро позади воланот.

Check Also

Дакар 2020 – 10 Етапа: Петерхансел: Не знам како се случи, но се загубивме!

Дури и самиот тој не може да поверува… Стефан Петерхансел е вистинска икона на Дакар …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *