Sunday , April 18 2021
Home / Latest Articles / WTCR: Целосно Полски тим во Светскиот туринг куп?

WTCR: Целосно Полски тим во Светскиот туринг куп?

Се зборува дека Полскиот BM Racing Team би можел да направи голем чекор оваа сезона, поточно во Светскиот туринг куп со целосно Полска програма.

BM Racing Team има искуство во картинг, Kia Picanto Cup, Formula Renault 2.0 и TCR Источна Европа минатата година каде настапија со Hyundai i30N TCR за Симон Јаблонски.

Овој потег целосно зависи од тимот и нивните финансии, како и обезбедување на истите. Идентитетот на возачот и автомобилот кој овој тим ќе го користи сеуште не се познати, а тоа ќе биде потврдено за кратко време.

Тимскиот шеф Бартек Мирецки изјави дека целта не им е веднаш да победуваат, туку да ја поддржат желбата на младиот талент кој го имаат за оваа кампања.

„Секако дека не планираме веднаш да победуваме или да бидеме во топ 10. Првата цел е учење и разбирање на важни цели за понатамошен развој. Сепак би сакале првата сезона да бидеме во топ 15 возачи иако тоа воопшто не е лесно, но тоа се вика предизвик.“ – изјави Мирецки.

Check Also

TCR Europe: Душан Борковиќ се враќа во Европската TCR Серија

Српскиот автомобилски ас Душан Борковиќ ќе се врати на гридот во Европската TCR Серија оваа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *