Wednesday , December 12 2018
Home / Latest Articles / WTCR 2019: 10 тркачки викенди, ограничување на гридот со 32 автомобили, нов начин на бодување…

WTCR 2019: 10 тркачки викенди, ограничување на гридот со 32 автомобили, нов начин на бодување…

2019 сезона носи нови закони и правила…

Светскиот мотор спорт совет го потврди зголемениот грид, како и новиот систем на бодување на првите 15 возачи, а исто така и календарот за 2019 година.

За разлика од 2018 година кога гридот беше ограничен на 28 автомобили, следната година ќе бидат додадени уште четири места за зголемување на дури 32 автомобили. Оваа сезона беа пријавени 25 автомобили со цела сезона, иако границата беше 28 автомобили по трка, заедно со по двајцагостински возачи по трка.

За следната сезона лимитот е подигнат на 32 автомобили со тоа што гостинските возачи нема да се бодуваат како изминатава сезона. ФИА исто така потврди дека секој тим ќе има лимит од двајца возачи, а секој производител ќе биде ограничен со по четири автомобили.

Кога станува збор за бодувањето, во двете квалификациски сесии првите пет возачи ќе освојат 5,4,3,2,1 поени, за разлика од изминатава сезона кога само во вторите квалификации возачите можеа да освојат поени.

Тркачкиот викенд ќе остане со три трки, но во бодувањето постојат промени. За разлика од изминатава сезона кога имаше различно бодување со тоа што на третата трка се добиваа највеќе поени, а втората имаше најмалку, следната сезона бројот на поените на сите три трки ќе бидат исти, но следната сезона наместо првите десет, ќе се бодуваат првите 15 возачи.

Новиот систем на бодување изгледа вака: 25-20-16-13-11-10-9-8-7-6-5-4-3-2-1, додека календарот од десетте закажани рунди изгледа вака:

1. 5-7 Април – Мароко, Мулај Ел Хасан, Маракеш
2. 26-28 април – Унгарија, Хунгароринг
3. 10-12 Мај – Словачка, Словакиа Ринг
4. 17-19 Мај – Холандија, Зандворт
5. 20-22 Јуни – Германија, Нирбургринг-Нордшлајфе
6. 5-7 Јули – Португалија, Вила Реал
7. 13-15 Септември – Кина, Нингбо
8. 25-27 Октомври – Јапонија, Сузука
9. 14-17 Ноември – Макау, Макау Гуја
10. Малезија, Сепанг (сеуште непознат датум)

Check Also

Заврши деветтото издание на Рели Шоу Санта Доменика, девојка запросена на церемонијалниот старт!

Како што веќе најавивме, едноставно не беше возможно да не присуствуваме на официјално, последниот моторспорт …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *