Sunday , April 18 2021
Home / Latest Articles / WTCR: Comtoyou Racing најави четири Audi автомобили за 2021 сезона во Светскиот туринг куп

WTCR: Comtoyou Racing најави четири Audi автомобили за 2021 сезона во Светскиот туринг куп

Гридот на Светскиот туринг куп ќе се поднови со четири нови Audi RS3 LMS автомобили за Comtoyou Racing

Развојот на новиот модел на Audi RS3 LMS е при крај, а тимот ги најави првите двајца возачи, Фредерик Вервиш и Натанаел Бертон. Овие двајца возачи се обезбедени од Audi Sport, додека останатите двајца возачи треба да бидат најавени во блиска иднина.

Фредерик Вервиш учествуваше во Светскиот туринг куп во 2019, завршувајќи на 12-тата позиција во генерален пласман кај возачите, а во меѓувреме настапуваше и во GT3 програмите на Audi минатата година, победувајќи на 24 часовната трка на издржливост на Нирбургринг.

Натанаел Бертон возеше за Comtoyou Racing минатата сезона, завршувајќи на осмата позиција во генерален пласман, а исто така ќе земе учество во развивање на новиот автомобил.

Check Also

TCR Europe: Душан Борковиќ се враќа во Европската TCR Серија

Српскиот автомобилски ас Душан Борковиќ ќе се врати на гридот во Европската TCR Серија оваа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *