Monday , July 6 2020
Home / Latest Articles / WTCR: Honda Civic Type-R Limited Edition е новиот безбедносен автомобил во Светскиот туринг куп

WTCR: Honda Civic Type-R Limited Edition е новиот безбедносен автомобил во Светскиот туринг куп

Сега и официјално, Honda ќе го снабди Светскиот туринг куп WTCR со нов безбедносен автомобил, а тоа е моделот Civic Type R Limited Edition

Овој модел за прв пат беше претставен во февруари во JAS Motorsport, долгогодишниот официјален партнер на Honda. Овој модел беше најавен како најекстремната верзија на легендарниот хечбек досега.

На овој модел задржана му беше Type-R традицијата, но исто така примарен фокус е ставен на перформансите кои дозволуваат вистинско уживање на тркачка патека. Исто така вклучена е и технологијата за асистирање во возењето на која основа е конструиран и TCR моделот од овој автомобил.

Safety Car надворешноста доаѓа од долгогодишниот партнер на Honda, Белгискиот уметник Вануф, кој дизајнирал голем број на официјални дизајни за Honda во нивната туринг програма.

Лимитираната верзија на Type-R го поседува истиот 2.0 литарски VTEC Turbo агрегат кој располага со 320КС и 400Њм вртежен момент. Од 0 до 100км/ч забрзува за 5.7 секунди.

Официјалниот WTCR безбедносен автомобил ќе ја врши својата работа на сите шест евенти кои се закажани оваа сезона само на Европско тло, а ќе биде возен од Португалските тркачки возачи Бруно Кореја и Педро Кучеиро.

Check Also

Bugatti Pur Sport… Да, Bugatti Pur Sport

Bugatti почнува да личи на нешто. Bugatti Pur Sport почетно требаше да биде претставен на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *