После кратките шпекулации за тоа кој ќе биде дел од силниот тим кој победува, сега е официјално.
Hyundai Motorsport потврди четири возачи за 2019 сезона во Светскиот Туринг Куп, со Габриеле Тарквини, Норберт Михелис, кои остануваат во тимот, додека ќе им се придружат Ники Катсбург и Аугусто Фарфус.
Моменталниот шампион Тарквини ќе се врати следната година да ја одбрани својата титула, а за борба за истата ќе му се приклучи и Михелис кој продолжува со втора година со Корејскиот производител.
После една година пауза и обврски помеѓу 2015 и 2017 со Lada Sport и Polestar Cyan Racing, се враќа Ники Катсбург кој во WTCR ќе настапи покрај BMW GT програмата.
Четвртиот возач е Аугусто Фарфус кој ја напушти DTM програмата, но ќе продолжи да се натпреварува за Германскиот производител во категоријата спортски автомобили, а во туринг категоријата се враќа за прв пат после 2010 година, додека на предниот погон му се враќа после 13 години откако во 2006-тата возеше Alfa Romeo 156 S2000.
Остануваат уште два тимови кои ќе настапат со Hyundai автомобили да бидат потврдени.