Thursday , May 23 2019
Home / Latest Articles / WTCR: Hyundai најбрзи во Словачка, Катсбург со пол позиција за првата и главната трка

WTCR: Hyundai најбрзи во Словачка, Катсбург со пол позиција за првата и главната трка

Ники Катсбург успеа да дојде до пол позиција за неделната прва трка на патеката Словакиаринг, победувајќи го неговиот тимски колега Норберт Михелис кој се пласираше на втората стартна позиција

Најбрзото време Катсбург го направи на само пет минути до крајот на сесијата и тоа со Михелис во заветрина позади себе, оставајќи го на втората позиција со заостанување од само 0.028 секунди.

Михелис не успеа да го подобри неговото време кое го постигна во заветрина, при што мораше да се задоволи со втората позиција. Првите две позиции му припаднаа на лесното Hyundai кое сега е со 30 килограми помалку, после првото стапување на сила на балансот на перформанси.

Ма Чи Ха дојде до импресивна трета позиција позади воланот на неговата Alfa Romeo, додека од четвртата и петтата позиција ќе стартуваат Даниел Хаглов и Том Коронел, двајцата во Сupra автомобили.

Шесто време на денешните квалификации извади Кевин Чекон (Alfa Romeo), пред Жан-Карл Верне кој ќе стартува од седмата позиција. Како осми, деветти и десетти ќе стартуваат Гериери, Вервиш и Бенани.

Секогаш брзиот на оваа патека Габриеле Тарквини имаше катастрофално 13-то време, и покрај заветрината што ја користеше позади Михелис. Исто така катастрофално време имаат трите автомобили на Lynk & Co 03 TCR на 25,26 и 27 позиција, додека Иван Милер беше најдобриот возач од тимот со освоено 18-то време.

На вторите и третите квалификации Катсбург повторно беше најбрз, а резултатите погледнете ги подолу.

Сите три трки се закажани за во недела поради густиот распоред на патеката. Првата трка е од 10:45, втората од 15:15, додека третата трка ќе започне во 16:45.

Квалификации 1:

1 Nicky CATSBURG The Netherlands Hyundai i30 N TCR 2:09.498 0.000
2 Norbert MICHELISZ Hungary Hyundai i30 N TCR 2:09.526 0.028
3 Ma QING HUA China Alfa Romeo Giulietta TCR 2:09.907 0.409
4 Daniel HAGLÖF Sweden CUPRA TCR 2:10.108 0.610
5 Tom CORONEL The Netherlands CUPRA TCR 2:10.154 0.656
6 Kevin CECCON Italy Alfa Romeo Giulietta TCR 2:10.339 0.841
7 Jean-Karl VERNAY France Audi RS3 LMS TCR 2:10.374 0.876
8 Esteban GUERRIERI Argentina Honda Civic Type R TCR 2:10.382 0.884
9 Frédéric VERVISCH Belgium Audi RS3 LMS TCR 2:10.403 0.905
10 Mehdi BENNANI Morocco Volkswagen Golf GTi TCR 2:10.430 0.932
11 Néstor GIROLAMI Argentina Honda Civic Type R TCR 2:10.495 0.997
12 Aurélien PANIS France CUPRA TCR 2:10.511 1.013
13 Gabriele TARQUINI Italy Hyundai i30 N TCR 2:10.517 1.019
14 Mikel AZCONA Spain CUPRA TCR 2:10.544 1.046
15 Benjamin LEUCHTER Germany Volkswagen Golf GTi TCR 2:10.687 1.189
16 Niels LANGEVELD The Netherlands Audi RS3 LMS TCR 2:10.746 1.248
17 Gordon SHEDDEN United Kingdom Audi RS3 LMS TCR 2:10.826 1.328
18 Yvan MULLER France Lynk & Co 03 TCR 2:10.944 1.446
19 Augusto FARFUS Brazil Hyundai i30 N TCR 2:10.978 1.480
20 Luca ENGSTLER Germany Hyundai i30 N TCR 2:11.005 1.507
21 Tiago MONTEIRO Portugal Honda Civic Type R TCR 2:11.081 1.583
22 Johan KRISTOFFERSSON Sweden Volkswagen Golf GTi TCR 2:11.212 1.714
23 Attila TASSI Hungary Honda Civic Type R TCR 2:11.307 1.809
24 Rob HUFF United Kingdom Volkswagen Golf GTi TCR 2:11.345 1.847
25 Thed BJÖRK Sweden Lynk & Co 03 TCR 2:11.363 1.865
26 Yann EHRLACHER France Lynk & Co 03 TCR 2:11.467 1.969
27 Andy PRIAULX United Kingdom Lynk & Co 03 TCR 2:11.697 2.199

Квалификации 2:

1 88 Nicky CATSBURG The Netherlands Hyundai i30 N TCR 3 2:10.441 0.000
2 86 Esteban GUERRIERI Argentina Honda Civic Type R TCR 4 2:10.569 0.128
3 55 Ma QING HUA China Alfa Romeo Giulietta TCR 3 2:10.610 0.169
4 37 Daniel HAGLÖF Sweden CUPRA TCR 2 2:10.654 0.213
5 5 Norbert MICHELISZ Hungary Hyundai i30 N TCR 4 2:10.699 0.258
6 31 Kevin CECCON Italy Alfa Romeo Giulietta TCR 4 2:10.870 0.429
7 10 Niels LANGEVELD The Netherlands Audi RS3 LMS TCR 3 2:10.943 0.502
8 21 Aurélien PANIS France CUPRA TCR 2 2:10.976 0.535
9 29 Néstor GIROLAMI Argentina Honda Civic Type R TCR 4 2:11.352 0.911
10 12 Rob HUFF United Kingdom Volkswagen Golf GTi TCR 2 2:11.572 1.131
11 11 Thed BJÖRK Sweden Lynk & Co 03 TCR 2 2:12.024 1.583
12 33 Benjamin LEUCHTER Germany Volkswagen Golf GTi TCR 2 2:12.215 1.774

Квалификации 1:

1 88 Nicky CATSBURG The Netherlands Hyundai i30 N TCR 3 2:09.639 0.000
2 5 Norbert MICHELISZ Hungary Hyundai i30 N TCR 3 2:09.746 0.107
3 55 Ma QING HUA China Alfa Romeo Giulietta TCR 3 2:10.114 0.475
4 37 Daniel HAGLÖF Sweden CUPRA TCR 3 2:10.335 0.696
5 86 Esteban GUERRIERI Argentina Honda Civic Type R TCR 3 2:10.518 0.879

Check Also

Возбудлив старт на сезоната во Кичево (Извештај)

Со првата трка одржана на патеката во Кичево, започна шампионатот на Македонија во автомобилизам Како …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *