Saturday , July 20 2019
Home / Latest Articles / WTCR: Team Mulsanne продолжува на Светската сцена

WTCR: Team Mulsanne продолжува на Светската сцена

Team Mulsanne и оваа сезона ќе настапи со два автомобили Alfa Romeo Giulietta TCR во Светскиот туринг куп

Пред една недела официјално Кевин Чекон ја продолжи соработката со тимот, додека ново име кое го комплетираше тимот е Ма Чин Ха.

25-годишниот Чекон минатата година ги возеше последните пет рунди менувајќи го Џани Морбидели, при што дојде и до победа во Јапонија.

Вториот возач е веќе познат, тоа е Кинезот Ма Чин Ха кој има искуство и во WTCC, но се појави и на две рунди од новоформираниот Светски туринг куп позади волан на Honda Civic.

Минатата сезона овој тим стартуваше со две туринг легенди Џани Морбидели и Фабрицио Џованарди како целосно Италијански тим, но немаа некои посебни успеси, поради што Џованарди во една изјава објасни дека огромен проблем е немањето фабричка поддршка во развојот на автомобилот.

Check Also

Ристо Вуков со трета стартна позиција на Берановац

Овој викенд на воениот полигон Берановац крај Краљево во тек е третата рунда од Српскиот …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *