Friday , August 14 2020
Home / Latest Articles / Yugo може и по мраз… и тоа со 160 км/ч од место на само 200 метри (ВИДЕО)

Yugo може и по мраз… и тоа со 160 км/ч од место на само 200 метри (ВИДЕО)

Еден од најпознатите модерни автомобили кои доаѓаат од балканот дефинитивно е малото Yugo

Во текот на неговото производство и продажба, овој автомобил кој се произведуваше во Крагуевац, стигна и до пазарот во САД.

Во САД го именуваа како еден од најлошите автомобили во историјата, но истиот беше подложен на многу доработки во многу различни ситуации низ минатото. Една од тие ситуации е оваа.

Ова момче се натпреварува на драг трки на мраз, токму со Yugo. Тој има направено сериозни модификации, вметнувајќи му 5.3 литарски V8 агрегат, на кој му беше додаден и нитро систем.

Драг трките на мраз се одржуваат на 201 метарски патеки, а малото Yugo успеа да забрза до 160 км/ч за 200 метри кои ги мине за 8 секунди, НА МРАЗ. Импресивно нели 🙂

Погледнете го видеото:

Check Also

МотоГП: Историска победа за КТМ и дебитантот Бред Биндер

Јужно Африканскиот возач Бред Биндер дојде до убедлива и неверојатна победа на патеката Брно во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *