Saturday , June 19 2021
Home / Latest Articles / Австралијанец си го продал левиот тестис за купување на автомобилот од соништата!

Австралијанец си го продал левиот тестис за купување на автомобилот од соништата!

Да, вистина е, овој човек се прости од својот тестис во замена за Nissan 370Z, а ние останавме со паднати вилици…

Сме слушнале разни приказни за продавање на имот, понекогаш и бубрег, но да се откажете од вашиот тестис за да го возите автомобилот од соништата… би го направиле тоа?

Не е важно дали вие би го направиле или не, Австралијанецот Марк Паризи го направи тоа. Според Автралијански медиуми, човек по име Марк Паризи си го продал левиот тестис во вредност од 35.000 австралиски долари за да го купи автомобилот од соништата, Nissan 370Z кој токму толку чинел.

Овој човек дури се појави и во ТВ шоу каде го призна овој сериозен потег кој го направил. Ова е прекрасен автомобил, но вреди ли да се продаде тестис, делумно да се откажете од машкоста за да дојдете до автомобилот од вашите соништа?

 

Check Also

TCR Europe: Високо квалитетен викенд за ПСС Рејсинг на Пол Рикар

Највисок пласман за Давидовски до сега во неговата кариера во TCR Europe Македонскиот ПСС Рејсинг …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *