Home / Latest Articles / Александар Георгиевски после Скопски Круг: Гумите ми беа огромен хендикеп!

Александар Георгиевски после Скопски Круг: Гумите ми беа огромен хендикеп!

Александар Георгиевски е доста тивок возач од класата Југо кој одвозува сериозно брзи времиња со неговото смирено возење.

Овој пат немаше добар пласман онака како што може да има поради недостаток на гуми, но како што изјави, презадоволен е од организацијата на трката.

„Пред се големо БРАВО за организаторите. Одмана не сме имале вака добро организирана трка. Севкупно јас не сум задоволен од овој тркачки викенд. Автомобилот беше во ред, но немавме гуми за квалитетен настап, при што завршив на четвртата позиција. Ова можеби и беше трка за титула на кружни патеки, но има гласини дека ќе има уште една кружна трка која ќе одлучува. Се надевам дека јас и мојот тим ќе бидеме подготвени како што треба и ќе пружиме возење за титула. Благодарност до моите спонзори и до сите кои ми помогнаа. Знаат кои се.“ – краток и јасен беше Георгиевски.

Фото: rpm.mk

About vladimir

Check Also

Забрзувањето на Ferrari 812 Competizione; V12 агрегат на 9.000 вртежи во минута (ВИДЕО)

Звукот на автомобилите зависи од локацијата. V8 звукот е дефиниција за уживање во Америка и …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *