Home / Latest Articles / Амбулантната екипа на Дубаи претставија супер автомобил за итни случаи

Амбулантната екипа на Дубаи претставија супер автомобил за итни случаи

Веќе ни е познато дека полицијата во Дубаи располага со голем број на егзотични автомобили, а сега и амбулантната екипа тргна по стапките на полицијата.

Станува збор за Lykan Hypersport, автомобил кој располага со 6-цилиндричен 3.7 литарски агрегат кој нуди 740КС. Оваа сила е доволна забрзување од 0 до 100км/ч за само 2.8 секунди и максимална брзина од вртоглави 395км/ч, што е повеќе од доволно за брза интервенција.

Lykan е во боите на итна помош, црвена и бела, со прилично добар дизајн во кој можат да се приметат неколку слогани меѓу кои „Дубаи, најдобриот град за живеење во светот“.

Иако Дубаи не е најдобриот град за живеење, државата прави се за да го претстави така, а посетителите почнуваат да веруваат во тоа. Интересен е фактот дека полицијата во соседниот град Абу Даби располагаат со Lykan Hypersport уште од средината на 2019 година.

Со тоа што беа произведени само седум примероци од овој автомобил, можно е дека токму тој автомобил што го поседуваше полицијата сега е во рацете на брзата помош.

Можеби не е најдобриот град за живеење во светот, но дефинитивно е еден од најпрогресивните, кој вреди да се посети барем туристички.

About vladimir

Check Also

WRC: Утре започнува Рели Хрватска

После одобрувањето за Хрватска рунда во Светскиот рели шампионат минатата година, WRC караванот се враќа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *