Saturday , June 19 2021
Home / Latest Articles / Бранко Кипровски со цела сезона вo Британскиот Ford Focus Cup

Бранко Кипровски со цела сезона вo Британскиот Ford Focus Cup

Прекрасни вести дојдоа од Македонскиоот возач Бранко Кипровски…

Македонскиот автомобилист Бранко Кипровски во текот на изминатата ноќ објави вест за неговите планови за 2021 сезона. Имено тој и неговото семејство веќе неколку години живее и работи во Велика Британија каде е максимално посветен на неговата тркачка кариера.

Настапи на по некоја трка од Ford Focus Cup како и во BMW Compact Cup, а за неговите планови разглобувавме пред некој месец, но се беше неизвесно. Тој уште на неговата прес конференција која беше одржана во Скопје неодмана најави неколку трки во Mini Challenge како и тест на BTCC NGTC автмобил, но како што изгледа тој се враќа исто така и на стариот фронт.

Имено Кипровски најави целосна сезона во Focus Cup за 2021 година. Ова е прекрасна вест, бидејќи би сакале да го видиме со цела сезона, заедно со цела таа пожртвуваност и посветеност која знаеме дека ја има. Го познаваме како жесток возач кој не се предава лесно, па затоа очекуваме квалитетни настапи.

„Кратко и јасно ќе ти кажам. Се селам со цела фамилија во Велика Британија, се стационирам во Лондон и од истиот моомент започнувам да работам на случајот. Еднаш се живее, одам до крај. ќе се вее Македонското знаме низ тркачките патеки низ Англија“ – беа неговите зборови пред тргнување.

„Случајот“ беше и од секогаш бил настап во премиерниот Британски моторспорт шампионат, Светски познатиот Британски шампионат на туристички автомобили. Но за до таму да се дојде, патот е трновит. Потребни се огромни финансии и големо тркачко искуство како и учење на Британските тркачки патеки НА ПАМЕТ.

Тоа доаѓа со километри поминати и само со тоа, па затоа оваа цела сезона во Focus Cup доаѓа како перфектна увертира за понатаму. Ford Focus Cup-от се вози со дизелски агрегати и е сериозно компетитивен. Во календарот на програмата се осум трки и тоа на Донингтон Парк, Силверстоун, Касл Комб, Кадвел Парк, Крофт, Брендс Хеч, додека финалето повторно се вози на Донингтон Парк.

Првата трка ќе се одржи на 24 април. GodSpeed Кипро!

Check Also

TCR Europe: Високо квалитетен викенд за ПСС Рејсинг на Пол Рикар

Највисок пласман за Давидовски до сега во неговата кариера во TCR Europe Македонскиот ПСС Рејсинг …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *