KTM RC16 е моторциклот со кој Бредли Смит и Пол Еспергаро ќе се натпреваруваат оваа сезона во MotoGP шампионатот, каде од тимот најавуваат напад на титулата уште во првата година.
Оваа сезона ќе го гледаме и КТМ во борба против Honda, Yamaha, Ducati, Suzuki и Aprilia, додека за прв пат овој производител влезе во овој циркуз на две тркала во 2003-тата во категоријата до 125 кубни сантиметри. Австрискиот фабрички тим победуваше во категориите до 125 и до 250 кубни сантиметри. но не успеаа да дојдат до победа кај возачите се додека правилата не се променија, со доаѓањето на ерата на 4-тактните агрегати во Моto3 категоријата, победувајќи во четири од пет возени сезони. Нивниот MotoGP проект јавно беше потврден во септември 2014.
После ова, кристално јасно е дека оваа сезона ќе гледаме уште повозбудлива сезона…