Saturday , June 19 2021
Home / Latest Articles / Валентино Роси позади воланот на Ferrari 488 Pista (ВИДЕО)

Валентино Роси позади воланот на Ferrari 488 Pista (ВИДЕО)

Мото ГП легендата Валентино Роси ги замени двете тркала на Yamaha со четири тркала на Ferrari!

Како што веќе ве информиравме, во текот на изминатава недела легендарниот Мото ГП возач Валентино Роси го тестираше новиот Ferrari 488 Pista. 9-кратниот Мото ГП шампион го тестираше новиот модел на Ferrari наречен 488 Pista, на тест-патеката Фиорано во Италија. Станува збор за нова специјална едиција од ергелата на Маранело која што беше претставена на овогодинешното Женева Авто Шоу.

Ferrari 488 Pista е опремен со 3.9-литарски V8 твин-турбо агрегат со максимална моќност од неверијатни 720 коњски сили, што го прави најмоќниот V8 агрегат на Ferrari. Може да забрза од нула до 100 километри на час за неверојатни 2.8 секунди и да продолжи до максимална брзина од 340 километри на час, што го прави совршено возило за легендарниот Валентино Роси.

Па, да го видиме Валентино Роси како се покажа на четири тркала:

Check Also

TCR Europe: Високо квалитетен викенд за ПСС Рејсинг на Пол Рикар

Највисок пласман за Давидовски до сега во неговата кариера во TCR Europe Македонскиот ПСС Рејсинг …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *