Saturday , June 19 2021
Home / Latest Articles / Валентино Роси тестираше Ferrari 488 Pista (ВИДЕО)

Валентино Роси тестираше Ferrari 488 Pista (ВИДЕО)

Легендарниот Мото ГП возач Валентино Роси се најде во улога на тест-возач, но овој пат не на две туку на четирит тркала.

Деветкратниот Мото ГП шампион го тестираше новиот модел на Ferrari, 488 Pista, на патеката Фиорано во Италија. Станува збор за нова специјална едиција од ергелата на Маранело која што беше претставена на овогодинешното Женева Авто Шоу.

Ferrari 488 Pista е опремен со 3.9-литарски V8 твин-турбо агрегат со максимална моќност од неверијатни 720 коњски сили, што го прави најмоќниот V8 агрегат на Ferrari.

Ferrari 488 Pista може да забрза од 0 до 100км/ч за неверојатни 2.8 секунди и да продолжи до максимална брзина од 340км/ч, што го прави совршено возило за легендарниот Валентино Роси.

Check Also

TCR Europe: Високо квалитетен викенд за ПСС Рејсинг на Пол Рикар

Највисок пласман за Давидовски до сега во неговата кариера во TCR Europe Македонскиот ПСС Рејсинг …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *