Home / Latest Articles / Викенд на октански чудовишта во Скрадин

Викенд на октански чудовишта во Скрадин

Овој викенд во Скрадин крај Шибеник се одржува малку необична трка за овие простори.

Поточно за прв пат во нашето окружување, па и во Европа се одржува ваква трка. Настапуваат само автомобили од над 250КС (со мали исклучоци), а причината за одржување на оваа ридска трка насловена како „Bongo – 1.Hill Climb Monsters Skradin 2021“ е Меморијал на Унгарскиот возач Истван Кавец „Бонго“, еден прекрасен човек и квалитетен возач кој настапуваше за АК Дубровник Рејсинг, но кој не напушти прерано.

Неколку месечната работа околу оваа трка на Скрадинскиот АК Миховил донесе педесетина возачи од кои осум формули кои ќе се натпреваруваат и ќе оддадат почит на прерано заминатиот „Бонго“. Како и на секоја ридска трка, во сабота ќе бидат одржани два тренинзи, а во недела две трки кои збирно ќе го одлучат победникот со поечток од 10:00 часот.

About vladimir

Check Also

10 брзи прашања за Ана-Марија Таневска, првата Македонска претставничка во брзински мотоциклизам

Разговаравме со 23-годишната Ана-Марија Таневска, млада и перспективна девојка која има огромна љубов кон мотоциклите. …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *