Home / Latest Articles / Вице шампионот Бузалковски: После падот, брзо се привикнав на моторот

Вице шампионот Бузалковски: После падот, брзо се привикнав на моторот

Христијан Бузалковски Бузо (Ендуро Тим Водно), нашиот најмлад натпреварувач, во брзински моторциклизам за нашиот портал говори за последните две трки од БМУ Европскиот шампионат, во кои Христијан успеа да дојде до уште една победа и уште едно второ место, па во продолжение да ја погледнеме изјавата од нашиот вице шампион

„Овој викенд ги возевме последните две трки од БМУ Европскиот шампионат, каде што јас и мојот тим Ендуро Тим Водно се боревме заедно со своите конкуренти за највисокото место на подиумот. За жал на првиот слободен тренинг имав пад, при брзина од 130 километтри на час и моторот беше доста оштетен. Но благодарение на мојот тим успеавме да го оспособиме и веќе на третиот слободен тренинг да се појавиме повторно на патеката и да оствариме второ најдобро време на првиот ден од тркачкиот викенд. Морам да признаам дека сум среќен поради тоа, бидејќи поголемиот дел од натпреварувачите после падот го намалуваат своето време, но изгледа јас успеав да го надминам стравот.


За време на првата трка, иако се одвиваше на дожд, стартував од втората позиција и веднаш уште од самиот старт притиснав, бидејќи мотоциклот беше перфектно наштелуван за на влажна патека и успеав да направам огромна разлика од второ пласираниот, односно 40 секунди предност, што за мене и за мојот тим оваа победа е од големо значење и секако пресреќни сме поради тоа!

Но, на втората трка во неделата времето беше сончево. Стартувавме од пол позиција, ама не успеавме да останеме во борба за првата позиција бидејќи предниот пневматик беше видно потрошен и не ни дозволи да го пратиме првопласираниот, а со секој одминат круг, се оддалечував од првата позиција. Но за среќа успеав да останам второ пласиран и во генералниот пласман од вкупно 17 возачи, јас и мојот тим се најдовме на втората позиција, односно оваа сезона сме вице шампиони на БМУ Европскиот шампионат и сме презадоволни од постигнатото! Подготовките за следната сезона ќе ги започнеме веднаш уште следната недела,а за подетални информации секако ќе бидете информирани! Се гледаме!“ – изјави младиот Христијан Бузалковски.

About vladimir

Check Also

TCR Europe Монца: Хомола и Аскона најбрзи на слободните тренинзи, ПСС Рејсинг високо позиционирани

28-те возачи кои настапија на слободните тренинзи денес на Монца, најавија доста интересен викенд. Во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *