Saturday , June 19 2021
Home / Latest Articles / Водителите на Top Gear едвај извлекле живи глави од пожар во Alpine A110 (ВИДЕО)

Водителите на Top Gear едвај извлекле живи глави од пожар во Alpine A110 (ВИДЕО)

Двајца од водителите на Top Gear, Крис Харис и Еди Џордан, едвај се извлекле од пожарот што избувнал во Alpine A110 додека го тестирале овој автомобил.

Не е секогаш забавно кога сте презентер во авто шоу како што е Top Gear. Тоа го покажа неодамнешното искуство на Крис Харис и Еди Џордан. Според пишувањата на Telegraph и The Daily Mail, Харис и неговиот колега Џордан успеале да побегнат од пожар кој што избувнал во Alpine A110 додека го тестирале во близината на Монако. И двајцата успеале да се извлечат од овој инцидент без било какви последици по нивното здравје.

Харис бил позади воланот на Alpine A110, кога забележал како светка ламбичката која индицира проблем во моторот. Не му било потребно многу време за да разбере за што станува збор:

“Веднаш сфатив дека морам веднаш да излезам бидејќи кога ја отворив вратата пламените јазици веќе достигнуваа до мојата рака.” – изјави Харис.

Alpine A110 изгорел целосно и сеуште не се знае причината за овој пожар. Овој автомобил сеуште е во пред-продажба и надлежните забраниле секакво тестирање додека не се утврди причината за овој пожар.

Check Also

TCR Europe: Високо квалитетен викенд за ПСС Рејсинг на Пол Рикар

Највисок пласман за Давидовски до сега во неговата кариера во TCR Europe Македонскиот ПСС Рејсинг …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *